Изјава за нови проекти во Лакавички регион

Изјава за нови проекти во Лакавички регион (9:30)Општина Штип обезбеди неповратни средства во висина од 700.000 евра кои се наменети за проекти во Лакавичкиот регион.
Со овие средства ќе се изградат неколку патни правци а планираное  и санирање на штетите од поплавите во 2015 година.
Со овие средства ќе се направи премин до с.Пухче преку Лакавичка река кој неколку пати од поплавите беше уништен, како и реконструкција на патото до с.Балталија. Исто така предвидени се два нови инфраструктурни проекти, патишта од Суво Грло до Степанци и од Горачино до Танатарци. Тука влегува и проектот за пат до с.Почивало во должина од 3 километри и планирани уште 5 километри за 2017 година, а во фаза на изработка се проекти за уште два патни правца: пат од с.Сушево до Доброшани и од Софилари до Пенуш.
Со овие проекти комплетно ќе биде решена инфраструктурно-патната мрежа до сите села од Лакавичкиот регион, заедно со оние кои беа реализирани во периодото од 2013 до 2016 година.
За потсетување, локалната самоуправа до сега направи пат до Мантово, половина од патот за Пухче, на два пати се правеа и улици во с.Лесковица, патот до Суво Грло и Горачино, асфалтирани се и улиците во Селце, Драгоево, Пиперово, Долани и Љуботен.
ЗАБЕЛЕШКА: Изјава за проектите Тоше Ѓеоргиевски во Општина Штип во 9:30 часот.Општина Штип обезбеди неповратни средства во висина од 700.000 евра кои се наменети за проекти во Лакавичкиот регион.
С

Пронајдете не на следниве мрежи: