Во Мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“ на 2 декември (вторник) во 12 часот ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Димитар Малиданов. Познатиот уметник ќе се претстави со триесет и пот дела создавани во последниве неколку години. За оваа пригода, Книгоиздателството „Матица македонска“, подготви каталог за творештвото на Малиданов. Изложбата ќе ја отвори академикот Луан Старова.Димитар Малиданов до сега има реализирано триесет самостојни изложби, а учествувал и на над двеста групни изложби. За својата уметничка и педагошка работа добитник е на национални и меѓународни признанија. Со оваа изложба „Матица македонска“ ја продолжува востановената традиција да ги афирмира високите вредности на македонските сликари и уметници.
Во овој престижен салон на културата и уметноста во изминативе две години со свои дела се претставија академските сликари Васко Ташковски, Газанфер Бајрам, Глигор Чемерски, Коле Манев, Владо Георгиевски, Симон Шемов, Павле Кузмановски, Новица Трајковски, Ниче Василев, Стефан Хаџи-Николов, Драги Хаџи-Николов, скулпторот Илија Аџиевски и др.Димитар Малиданов до сега има реализирано триесет самостојни изложби, а учествувал и на над двеста групни изложби. За својата уметничка и педагошка