Изложба на инстаграм фотографии во Концепт 37

На 28 мај, среда, со почеток во 20 часот, во арт-кафето „Концепт 37“ ќе се отвори изложба на инстаграм фотографии на филмскиот режисер Ѓорче Ставрески под насловот “Сонувам во боја”. Колекцијата од дваесет фотографии е составена од пејсажи сликани на мобилен телефон и споделени на социјалните мрежи.Ѓорче Ставрески е наградуван филмски режисер роден во Скопје. Автор е на кратки и документарни филмови со кои има постигнато интернационален успех. Во припрема е на својот прв долгометражен филм за кој доби награда за сценарио на фестивалот “Браќа Манаки” во Битола и награда EAVE на пичинг форумот “WEMW” во Трст, Италија.

Со уметничка фотографија се бави аматерски веќе 10 години, а ова е негова втора самостојна изложба. Има добиено диплома за поединечна фотографија на “Денови на македонската фотографија – 2007”, а првата самостојна изложба ја имаше во местото Каен во Франција во рамки на фестивалот “Балканс-Транзит – 2009”.
Повеќе информации можете да најдете на неговиот сајт: www.gjorcestavreski.com.
 Ѓорче Ставрески е наградуван филмски режисер роден во Скопје. Автор е на кратки и документарни филмови со кои има постигнато интернационален успех.

Пронајдете не на следниве мрежи: