Во Мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“ на 15 септември (четврток) во 21 часот ќе биде отворена изложбата на слики од Тања Џипунов. Познатата уметница ќе се претстави со дваесет и пет дела создавани во последниве неколку години. За оваа пригода, Книгоиздателството „Матица македонска“, подготви каталог за творештвото на Малиданов.Оваа изложба е наменета за сите оние кои ја препознаваат љубовта и ја консумираат со сите сетила, зависници од љубов во секаков облик.
На изложбата ќе бидат претставени слики,акрил во платно во комбинација со природни елементи – дрво, коноп, хартијаИзложбата ќе ја отвори Љупчо Маленко.
Со оваа изложба „Матица македонска“ ја продолжува востановената традиција да ги афирмира високите вредности на македонските сликари и уметници. Во овој престижен салон на културата и уметноста во изминативе две години со свои дела се претставија академските сликари Васко Ташковски, Газанфер Бајрам, Глигор Чемерски, Коле Манев, Владо Георгиевски, Симон Шемов, Павле Кузмановски, Димитар Малиданов, Новица Трајковски, Ниче Василев, Стефан Хаџи-Николов, Драги Хаџи-Николов, скулпторот Илија Аџиевски и др.Оваа изложба е наменета за сите оние кои ја препознаваат љубовта и ја консумираат со сите сетила, зависници од љубов во секаков облик.