Вчера вечер во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“ бидеше отворена изложбата „За слобода и независност“. На изложбата беа претставени 20 фотографии, а истата беше отворена од амбасадорот на Унгарија во Македонија г.н Ласло Иштван Дукс заедно со градоначалникот Марјан Ристески и г- Ѓуласомоги, заменик шеф на мисијата.ЗА СЛОБОДА И НЕЗАВИСНОСТ
Покрај убавината и естетиката, уметноста поседува и една посебна карактеристика која ја прави уште поуникатна. Тоа е способноста да поврзува, да зближува. Оваа изложба поврзува два народи кои историски можеби и никогаш не биле поврзани, но затоа пак делат исти истории и сведоштва од минатото. 23-ти Октомври, како датум е подеднакво значаен и за Македонија како и за Унгарија. На овој ден во двете земји се празнува борбата и желбата за слобода и независност. Ако за Македонија 23-ти Октомври се празнува денот на македонската револуционерна борба, истиот тој ден во Унгарија се празнува денот на унгарската револуција. На тој ден пред точно 50 години млади студенти, поддржани од своите професори и останати интелектуалци ја започнуваат револуцијата против тогашниот Советски Сојуз и комунистичкиот систем. Иако нивната радост траеше многу кратко поточно 14 дена, сепак гласот на оваа револуција одекна надалеку и беше насловна страна на тогаш а и денес светски најпознати медиуми. Во оваа изложба ќе ги запознаеме и таканаречените херои од Буда, кои што ги жртвувале своите животи за слободата на Унгарија. Покрај хероите во оваа изложба се споменати и оние кои се директно и индиректно виновни за смртта на преку 2.500 Унгарци и задушувањето на востанието. Востанието за жал по почетниот успех беше загушено, но сонот и желбата за слобода и демократија не беа. Тие се остварија во 1989 година кога со падот на комунизмот и овој ден беше прогласен за национален празник.
Со оваа изложба се надеваме дека уште повеќе ќе ги зближиме народите од Македонија и Унгарија потсетувајќи ги дека и двата делат жална но многу богата историја.
ЦК „Марко Цепенков“ оваа изложба ја реализираше во соработка со Амбасадата на Унгарија во Македонија, Почесниот конзулат на Унгарија во Битола и општина Прилеп.ЗА СЛОБОДА И НЕЗАВИСНОСТ
Покрај убавината и естетиката, уметноста поседува и една посебна карактеристика која ја прави