Изложби, проекции на филмови и дебати, се дел од големиот број активности коишто ќе се организираат од 7 до 12 март по повод седмото издание на „Вечери на женски права“.Во понеделник /07.03.2016 година/ во Изложбениот салон Империјал 1 во КИЦ, во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Нераскажаните приказни на суперхероините 3“.
Во вторник /08.03.2016 година/ ќе се одржат поголем број активности на повеќе локации. Во „Холидеј Ин“ во 09:30 часот ќе се одржи Национална конференција за одбележување на 10 години од донесување на Законот за еднакви можности на жените и мажите „Финансирање за родова еднаквост и Агендата 2030”.
Во КИЦ во 13 часот ќе се промовира преводот на третиот том од едицијата Историја на жените на западот „Парадоксите на ренесансата и просветителството” во издание на Филозофскиот факултет во Скопје.
Во Кинотека Македонија во 20 часот ќе биде прикажан филмот „Слободниот глас на Египет – Навал Ел Садави”, во режија на Констанзе Буркард, а по прикажувањето на филмот ќе се одржи дебата на тема „Зошто феминизмот има толку непријатели“.
Во среда /09.03.2016 година/ во Кинотека на Македонија во 18 часот ќе биде прикажан шпаскиот филм „Танџер гол“ кој е во режија на Хуан Готје, додека во 20 часот ќе се прикаже филмот „Да си ја знаеш слободата” кој е во режија на Суприја Шринивас и Галија ал Акили. По прикажувањето на филмовите ќе се одржи дебата на тема „На две патеки: мажите и жените во спортот“.
Во четврток /10.03.2016 година/ во Кинотека на Македонија во 20 часот ќе се прикаже филмот „Солидарност од женски аспект” кој е во режија на Марта Џидо и Пјотр Сливовски, по што ќе се одржи дебата на тема „Родовата еднаквост на политичката агенда“.
Во петок /11.03.2016 година/ во 20 часот во Кинотека на Македонија ќе бидат прикажани поголем број кратки филмови од Конкурсот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности и Нова Македонија, каде што публиката ќе може да ги проследи филмовите:
„Ипсилон”, на авторката Анастасија Точевска;
„Жената е човек”, на авторите: Јасмина и Гоце Трајкоски,
„Украдена Насмевка”, на авторот Сергеј Сарчевски,
„Одзив”, на авторот Сара Александровска и
„Нескршлив ум”, на авторот Филип Петрески.
По проекцијата на кратките филмови, ќе биде прикажан филмот „Аристофан во Днопоље“ во режија на Наташа Милоевиќ и Небојша Радосавлевиќ, а по филмот ќе се одржи дебата на тема „Двојна исклученост: жените од руралните средини“.
Седмото издание на „Вечери на женски права“ ќе бидат затворени во сабота /12.03.2016 година/ во Кинотека на Македонија во 20 часот со прикажување на филмот „ Бог не работи во недела!“ во режија на Леона Голдштајн. И годинава покровител на „Вечерите на женски права“ е Град Скопје.Во понеделник /07.03.2016 година/ во Изложбениот салон Империјал 1 во КИЦ, во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Нераскажаните приказн