На вчерашниот состанок на инвеститорите, беше одлучено дека внимателно ќе се разгледа секоја понуда од менито, секоја состојка, но и начинот на подготовка на оброците.Според пишувањето на USA Today, Мекдоналдс веќе при првиот чекор ќе „избрише“ осум производи и ќе се обиде доплнително да ја забрза услугата која поради одредени јадења често знае да потрае повеќе од „неколку минути“.
Така, бројот на „посебни оброци“ ќе биде намален од 16 на 11, а ќе се направат и помали измени при подготовката на познатите сендвичи.
– Веќе го тестираме „почистото мени“ на неколку локации во САД – рече портпаролот на Мекдоналдс, Бека Хери.
Како што е соопштено, тест локациите веќе покажуваат добри резултати – побрза услуга и поголем промет, но податокот за тоа од која од осумте ставки се откажува, сѐ уште не е познат.
Истовремено, додека се трудат да го поедностават менито, најпознатиот светски синџир за исхрана одлучи да им понуди на клиентите сами да ги „закомплицираат“ работите и да бираат вкусови.
Во проектот со назив „создадете го својот вкус“, клиентите преку таблети ќе бираат преливи и додатоци за своите сендвичи, а оваа опција ќе биде достапна наредната година во 2.000 од можните 14.000 ресторани во САД. Сѐ уште не е познато кога проектот ќе се реализира во рестораните ширум светот.
Исто така, беше одлучено на локалните менаџери да им се дадат поголеми права при управувањето, така што менијата на Мекдоналдс во целиот свет ќе бидат пократки, но и поразлични.
– Некои работи подобро се продаваат во одредени локали, а во другите едноставно не – велат во Мекдоналдс.
Останува да видиме како ќе влијаат промените и на европскиот пазар, кога ќе се реализираат.Според пишувањето на USA Today, Мекдоналдс веќе при првиот чекор ќе „избрише“ осум производи и ќе се обиде доплнително да ја забрза усл



