Измислениот Меѓународен сојуз на Боки 13 е основан истиот ден кога тој е избран за претседател

Во неможност да ги вдоми партиските кадри во државните институции, новата Влада предводена од СДСМ и Зоран Заев не само што измислува нови функции, каков што е случајот со Влатко Васиљ, туку почна да измислува цели асоцијации и некакви сојузи, каков што е фамозниот Меѓународен сојуз- Скопје, пишува порталот Денешен.мк.На 7-ми јуни, речиси сите соросови медиуми објавија дека контроверзниот Бoјан Јовановски, во јавноста попознат како Боки 13 бил избран за претседател на Меѓународниот сојуз- Скопје.
Интересно е тоа што за ваков Сојуз јавноста немаше слушнато никогаш претходно, за потоа помпезно Јовановски да биде избран за претседател на Сојузот и тоа на тајно гласање на 52 делегати од земјава и од Европа, на кое што нормално убедливо победил Боки 13.
 
 

Она што посебно е симптоматично е фактот што доколку се погледне Тековната состојба на оваа Асоцијација наречена Меѓународен сојуз, ќе се увиди дека истиот е формиран на 7-ми јуни 2017 година, односно истиот ден кога Боки 13 е е избран за претседател.
Веднаш по неговиот избор, Јовановски отиде на средба со новиот премиер Зоран Заев и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Само неколку дена подоцна, самонаречениот хуманитарец, ЛГБТ активистот, личен пријател на Зоран Заев и поддржувач на СДСМ, скандалозно изјави дека сака да посвои три деца и дека ќе поднесе барање до надлежното министерство за труд и социјална политика, каде што министерка е неговата пријателка и поддржувач Мила Царовска од СДСМ. Нагласи дека очекува позитивен одговор, затоа што е во добри односи со целото раководство на СДСМ.

Инаку, во евиденцијата на МВР против лицето Бојан Јовановски има две кривични пријави, од кои за едната е парично осуден на 21-ви јануари 2009-та година по член 172 за клевета, а за другата во февруари 2011-та година по член 247  е осуден за измама.

 
Исто така, во два наврати му е изречена забрана за патна исправа и тоа од 31.08.2012 до 28.09.2012 и од 01.06.2011 до 01.11.2011 година, пишува Денешен.мк.
 На 7-ми јуни, речиси сите соросови медиуми објавија дека контроверзниот Бoјан Јовановски, во јавноста попознат како Боки 13 бил избран за пре

Пронајдете не на следниве мрежи: