Тинејџерската верзија од „Волкот од Вол Стрит“, испадна дека не е ништо друго освен најобичен измамник. „Њујорк Магазин“ во понеделникот објави текст за 17-годишен ученик од Њујорк, кој за заработи околу 72 милиона долари на берза. (Види ЛИНК)
Веднаш по објавувањето на приказната, Мухамед Ислам и неговиот пријател Дамир Тулемаганбетов, признале дека целата приказна е измислена.
„Приказната не е вистинита“ – изјавил Ислам и додал: „Точно е дека водам клуб за инвестирање во Stuy High, но генерално изведуваме само симулирано тргување со акции.“
Гласноговорникот на Мухамед, Рон Торосиан, призна дека Ислам ѝ пратил лажна информација на новинарката и дека чувствува вина за тоа, но и дека се извинува.
„Њујорк Магазин“ дури го смениле и насловот на приказната, но сѐ било џабе. Новинарката била мета на критики.
Дури и родителите на Ислам му се налутиле.„Њујорк Магазин“ во понеделникот објави текст за 17-годишен ученик од Њујорк, кој за заработи околу 72 милиона долари на берза. (Види



