Прво да ви поставиме едно прашање. Дали го местите креветот веднаш откако наутро ќе се разбудите? Доколку го правите тоа, тогаш треба да знаете дека милиони бактерии живеат во креветот, кои се заробени помеѓу чаршафите и постелнината.Тие се хранат со клетки од мртвата кожа и потта. Одвратно, нели? Исто така, треба да се знае дека како потенцијална закана можат да предизвикаат алергија и астма.
Но, ненаместената и незатегната постелнина ќе ги изложи овие бактерии на свеж боздух и сончева светлина. Овие две работи – свежиот воздух и сонцето, ќе ги дехидрираат и уништат.
Познато е дека поголем дел од луѓето се потат додека спијат. Медицинските експерти тврдат дека просечен возрасен човек може да испушти до 1 литар течност во ноќта.
Тоа значи дека потењето е совршено окружување за бактериите. Исто така, бројот на бактерии во просечен кревет може да изнесува до 1,5 милиони. Самото нивно постоење не претставува проблем. Вистинскиот проблем е во тоа што тие оставаат „отпад“ кој може да предизвика здравствени проблеми кај луѓето.
Така, нивниот „отпад“ може да предизвика астма и алергија.
Главниот директор на лабораторијата „Прима“, Каролин Форте, вели дека оваа метода им ја препорачува на сите – немојте да го местите креветот извесен период во утрото. Главна причина за тоа е да се исуши до вечерта.
Најдобро е да почнете со местење на креветот после доручек, пред да тргнете на работа. Би требало да го местите чаршафот секоја недела или барем на секоја втора недела. Некои експерти велат дека може да го оставите креветот ненаместен цел ден, а тоа да го направите откако ќе си дојдете дома.
Бактериите ќе бидат изложени на свеж воздух и светлина цел ден, а со тоа ќе дехидрираат и умрат. Тоа ќе направи спалната соба да биде подобро место за спиење, без опасност од алергија и астма.Тие се хранат со клетки од мртвата кожа и потта. Одвратно, нели? Исто така, треба да се знае дека како потенцијална закана можат да предизвикаат ал



