Изненадувачко откритие: Неандерталците имале спални соби и топла вода?!

Археолозите во Шпанија открија дека неандерталците во древните пештери во Каталонија, имале топла вода и живееле во одделни делови пред околу 60.000 години.Каталонскиот институт за палеонтологија и општествена еволуција на човекот (ИПХЕС), наведе дека повќе од 10.000 фосилни остатоци и артефакти се откриени во пештера која се наоѓа во Абрик Романи во Каталонија, врз основа на што научниците заклучиле дека пештерата ја населувале неандерталци.
Меѓу најзначајните откритија се наоѓа и конкавна дупка со големина 40х30х10 см, која се наоѓа помеѓу неколку камини во кои се користел оган. Археолозите веруваат дека неандерталците ја користеле оваа дупка за да загреваат вода.
Се смета дека неандерталците ја готвеле својата храна, а можеби дури и ја зачинувале со разни растенија.
По деталната анализа на пештерата, археолозите дошле до заклучок дека неандерталците користеле различни делови од пештерата за разлчични активности, меѓу кои била изработката на алати, сечење на месото, подготовка на храна, фрлање отпадоци и спиење.

Собите за спиење се идентификувани според тоа што во нив немало многу артефакти и алати.
Иако археолозите од ИПХЕС тврдат дека ова е прв доказ дека неандерталците имале спална соба, во Италија уште во 2013 година било утврдено дека неандерталците го организирале својот простор.
Каменото престојувалиште во Италија има неколку нивоа, од кои највисокото се користело за распарчување на животните, додека во средното престојувале луѓето, а во најнискиот дел кратко се задржувале.
Значи, утврдено е дека неандерталците не биле толкави варвари како што досега се мислело, а бројни истражувања потврдија дека тие биле барем подеднакво интелигентни како и првиот хомо сапиенс.Каталонскиот институт за палеонтологија и општествена еволуција на човекот (ИПХЕС), наведе дека повќе од 10.000 фосилни остатоци и артефакти се отк

Пронајдете не на следниве мрежи: