Двајца нуркачи пронајдоа остатоци од трговски брод кој потонал пред 1600 години кај брегот на Израел, јавија израелските медиуми.Додека нуркале, недалеку од древното средоземно пристаниште Цезарија, нуркачите виделе остатоци од бродот на морското дно. Тие досега пронашле железна котва, остатоци од дрвени едра, како и товарот што го превезувал бродот.
Меѓу товарот на бродот се пронајдени илјадници златни монети со ликот на Константин Велики и Лициниус во вкупна тежина од околу 20 килограми, бронзени лампи со ликот на богот Соло, фигура на божицата Луна, лампа во форма на череп и многу други артефакти.
Поморскиот археолог Јаков Шарвит изјави дека такво нешто не е пронајдено во Израел во последните 30 години.
Според него, сѐ е добро зачувано, како „на дното на морето да завршиле вчера, а не пред 1600 години“.Додека нуркале, недалеку од древното средоземно пристаниште Цезарија, нуркачите виделе остатоци од бродот на морското дно. Тие досега пронашле желе



