Германската и француската економија забележаа изразен пад на активностите во последното тромесечје од 2012 година, а состојбата во Италија е полоша од очекувањата, покажаа официјалните податоци објавени во четврток.Германската економија се намалила во последните три месеци од годината за 0,6 отсто, извести германскиот завод за статистика, ова е најлош квартален резултат на Германија од 2009 година, кога беше актуелна светската финансиска криза.Особено загрижувачки податок за Берлин е што најголем товар за економијата во последниот квартал бил извозот, кој инаку е главен придвижувач на Германија.Во последното тромесечје од 2012 година извозот на стоки и услуги се намалил повеќе од увозот“, се наведува во соопштението на Desatis.Приватната и јавната побарувачка бележат благ пораст, но инвестициите во изградба и опрема бележат осетен пад.Француската економија во последниот квартал се намалила за 0,3 отсто, извести денеска INSEE. Воедно ги ревидираше податоците за првото и второто тромесечје, што значи дека државата во изминатите 12 месеци веќе еднаш падна во рецесија.Францускиот премиер Жан-Марк Еро во средата за прв пат призна дека поради слабиот раст зацртаното намалувањето на буџетски дефицит во 2013 нема да биде достижно.Италијанската економија во последното тромесечје се намалила за 0,9 отсто, со што продолжува негативниот тренд на намалување на економијата шести квартал по ред, извести ISTAT.Тоа значи дека актуелната рецесија во Италија по траење ја надмина онаа во 2008/2009.
МакфаксГерманската и француската економија забележаа изразен пад на активностите во последното тромесечје од 2012 година, а состојбата во Италија е