Известување за можни труења од храна

Агенцијата за храна и ветеринарство  и покрај тоа што редовно апелира и  упатува препораки како да се ракува и консумира храната во летниот период и при екстремно високите температури сепак при непочитување на препораките и невнимание  доаѓа до  загрозување на здравјето на луѓето и труења од храна. 
Само изминатиот викенд се регистрирани два случаја на можни труења од храна, и тоа едниот од поголем размер, во детско одморалиште во Дојран, при што со симптоми на труење како повраќање и дијареа, хоспитализирани се 20тина деца на возраст од 7 до 14 год.
Веднаш е направен инспекциси увид од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство  во конкретното одморалиште. Кујната на летувалиштето е затворена и забранета за користење .  Константирани се повеќе недоследности, земени се брисеви и мостри од храна за понатамошна лабораториска анализа , наредени се мерки за дезинфекција и темелно чистење.
 Другиот случај на можно труење од храна е регистриран во слаткарница во скопско Драчево, каде  сопружници со  истите симптоми како повраќање и дијареа се хоспитализирани по консумирање на слатки од локалната слаткарница.
И во овој случај инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство  направија увид,  наредија мерки и ја затворија слаткарницата до обезбедување на потребните услови за безбедно подготвување и послужување на храната.
  
Само изминатиот викенд се регистрирани два случаја на можни труења од храна, и тоа едниот од поголем размер, во детско одм

Пронајдете не на следниве мрежи: