Извор од ОН: Едната тинејџерка е мртва, а другата е исчезната

Една од двете  босански тинејџерки  кои  се регрутирани  од страна на Исламската држава е мртва, додека другата се води како исчезната, тврди експерт од Обединетите Нации,  Давид Сарија.По Сабина Селимовиќ(15) и Самра Кешиновиќ (16) трагаат семејставата и тајните служби на Австрија и Сирија уште од нивното бегство во џихад кое се случи годинава.
Високо рангиран експерт  на антитерористичкиот комитет на Советот за безбедност на ОН Давид Шариа изјавил пред израелските медиуми дека едната девојка е мртва, а другата исчезната.
„Неодамна добивме информација  дека две 15-годишни девојки  со босанско потекло побегнале од Виена во Сирија. Ги регрутирала Исламската држава, а по нив трагаат  тајните служби на двете земји. Сметаме дека едната од нив загинала за време борбата во Сирија, додека другата исчезнала“, вели Шариа.
Шариа не прецизирал која од девојките е мртва а која исчезнала.
Двете малолетни Босанки од Виена, Сабина Селимовиќ и Самра Кешиновиќ побегнале од семејниот дом во април оваа година, за да одат во џихад во Сирија.
Австриските медиуми неодамна пишуваа дека девојчињата наводно се покајале за својата одлука и  дека им  порачале на роднините дека сакаат да се вратат дома.По Сабина Селимовиќ(15) и Самра Кешиновиќ (16) трагаат семејставата и тајните служби на Австрија и Сирија уште од нивното бегство во џихад кое се с

Пронајдете не на следниве мрежи: