Извори тврдат: Коко Шанел соработувала со нацистите

Телевизиски документарец кој е снимен во Франција, претстави докази со кои тврди дека модната дизајнерка и икона Габриел Коко Шанел ѝ давала информации на нацистичката влада во текот на Втората светска војна.Документарниот филм со назив „Сенка на сомнежот“, кој се прикажуваше на државниот канал France 3, објави архивски документи на француското Министерство за одбрана кои покажуваат дека Коко работела за Abwehr, нацистичка информациска служба.
Ова откритие и не сосема ново. Имено, во една книга во 2011 година која ја напиша американскиот историчар Хол Вон, се спомнува нејзината афера со еден офицер од Abwehr, баронот Ханс Гунтер фон Динклаг, како и за нејзините операции во својство на агентот F-7124.
Меѓутоа, она што е фасцинантно е дека за ова се зборува на национална телевизија со оглед на тоа дека станува збор за табу тема во модерна Франција.
Во програмата беше спомнат и затегнатиот однос кој Коко го имала со Евреите, на кои уште во 1924 година им ја продала својата работа со парфеми, а потоа со помош на нацистите сакала да ја врати под своја контрола.
Овој документарен филм исто така наведува дека Коко во 1943 година била пратена во Мадрид, во обид да склучи примирје со британските служби кои биле стационирани на таа локација.
Винстон Черчил никогаш ѝ нема одговорено.Документарниот филм со назив „Сенка на сомнежот“, кој се прикажуваше на државниот канал France 3, објави архивски доку

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.