Извршител од Тетово се претставува како најдобар другар на Заев и се изживува со граѓани

„Тој се фали дека е најдобар другар со премиерот и дека никој ништо не му може. Затоа ни прави што сака.“ Ова е дел од сведоштвото на жена од Тетово која замоли да остане анонимна поради страв од, како што рече, “баграта“ на Зоран Заев.Откако СДСМ дојде на власт, голем број на граѓани од Тетово секојдневно се мета на вербално малтретирање и закани од страна на еден извршител, чиј идентитет ни го соопштија во поплаката која ја испратија до нашата редакција.
Рано утрово во редакцијата на КУРИР се јави вознемирена жена од Тетово. Пред да каже било што замоли да остане анонимна бидејќи е мајка на три дечиња и стравува за нивната безбедност. Во Тетово изминативе месеци владее страв кај граѓаните нешто да проговорат, но рече дека сака да се дознае со што се соочуваат.
-Извршителот има канцеларија во Тетово. Близок е со сегашниот премиер на Република Македонија. Доби сила откако СДСМ дојде на власт. Тој на сите им се заканува фалејќи се дека Заев му е најдобар другар. Ги уништува луѓето кои не се од СДСМ. Нели викаа пред да дојдат на власт дека ќе се превземе нешто со извршителите? Еве сега што прават нивните извршители. Ние се плашиме од него. Ова лице нагло се збогати, а со богатството се зголеми и неговата сила врз нас, граѓаните, рече тетовчанката.
Откако  одговоривме дека ќе ја објавиме нејзината сторија, добивме и сведоштво од друг граѓанин на овој град.
-И тие кои имаат долг, но и тие кои немаат. Сите сме жртви на неговиот терор. Шета по улиците и луѓето се плашат од него затоа што тој не комуницира со зборови, туку со закани. Не работи според закон, туку со заплашување. Не гледа кој има пред себе дали е тоа маж, жена, старец. Се дере, се заканува, упаѓа во локали. Тој се фали дека е најдобар другар со премиерот и дека никој ништо не му може. Затоа ни прави што сака, раскажува нашиот извор.
Откако го дознавме идентитетот на извршителот кој низ улиците во Тетово го викаат “насилникот на Заев“, дојдовме и до подетални информации за него.
Пред да стане партиски активист на СДСМ, кога работел за плата, живеел скромен живот во родното тетовско село.
Денес, кога се фали дека Заев му е најдобар другар и кога ги малтретира и заплашува сите кои не се членови на СДСМ, овој извршител поседува: куќа на неколку ката на Водно, стан во Скопје, стан во Охрид и хациенда во Јагуновце.
Тоа што СДСМ го наградил со луксуз овој извршител, не смее да значи дека човекот треба да се изживува со своите сограѓани.
Граѓаните со кои денес контактиравме рекоа дека сакаат случаите за кои имаат докази да ги пријават во полиција, но немаат доверба во партизираните институции кои во затвор ставаат недолжни луѓе, а насилници и криминалци оставаат на слобода.Откако СДСМ дојде на власт, голем број на граѓани од Тетово секојдневно се мета на вербално малтретирање и закани од страна на еден извршител, чиј

Пронајдете не на следниве мрежи: