Ја држеле окована во подрум цела година: спасено 13-годишното девојче од Охајо

Тринаесетгодишното девојче во средата вечер избегало, откако нејзиниот очув и полубрат ја држеле во окови цела година, јави полицијата.53-годишниот Тимоти Чиборо и 27-годишниот Естен Чиборо и ја врзале ногата со ланец за столбот во нивниот дом во Толедо, ја хранеле со расипана храна и ја присилувале да користи кофа полна со амонијак наместо тоалет, пишува во судските документи.
Полицијата во Толедо изјави дека очувот и братот џогирале во паркот, кога девојчето избегало со клуч што го нашло и сокрило. Соседите викнале прва помош откако таа отрчала кај нив.
Во четвртокот се уапсени двајцата монструми. Тие се соочени со можна пресуда за киднапирање, мачење и злоставување на деца со цел да нанесат сериозна штета.
Девојчето во моментов се наоѓа во социјален дом, заедно со уште две деца за кои полицијата се сомнева дека исто така биле измачувани од истите луѓе. Девојчето сега се чувствува добро. Таа изјавила дека и порано ја казнувале со врзување во окови, но на пократки временски периоди.
Мајката на девојчето го напуштила семејството и ја оставила со очувот и полубратот, кои ја држеле година дена во окови заради мокрење во кревет.
53-годишниот Тимоти Чиборо и 27-годишниот Естен Чиборо и ја врзале ногата со ланец за столбот во нивниот дом во Толедо, ја хранеле со расипана хран

Пронајдете не на следниве мрежи: