Ја очекува ли Македонија национално труење на 2-ри Август?

Ете Македонците го доживеаа и тоа, во сопствена држава од сопствена власт да им биде ускратено правото на елементарна информација за тоа што содржи договорот за добрососедство со Република Бугарија. Од неколкуте дадени интервјуа на македонскиот министер за надворешни работи, како по навика редовно за странски медиуми, дознаваме дека македонските власти постигнале „компромис за текстот на договорот и дека неговото потпишување ќе ја зголемело довербата меѓу двете држави!?, ќе сме покажале дека сме сериозни и дека сакаме да создаваме пријателства во регионот“, изјави за Курир универзитетската професорка Тања Каракамишева-Јовановска.Обраќајки се до челниците на сегашната власт вели дека ако навистина сакаат да покажат дека се сериозни политичари прво тоа треба да го докажат во својата земја. Според неа, Македонците имаат право да знаат што се случува со нивната држава, имаат право на одбрана на државата во случај кога и се нападнати или и се загрозени нејзините витални национални интереси, и имаат право непосредно да учествуваат во донесувањето на клучните одлуки за земјата.
-Не заборавајте дека ние, граѓаните на Република Македонија, сме суверени да владееме со својата земја, не вие. Вие не сте овластени од нас на избори да потпишувате разно-разни тајни и штетни договори за Татковината, вие не сте овластени од нас тајно да се договарате со Грција за промена на нашето уставно име, вие не сте овластени од нас непречено и целосно да ги реализирате барањата од Тиранската платформа, посочи Каракамишева-Јовановска.
Потенцира дека ако сакаат да добијат мандат за решавање на сите овие работи ќе треба повторно да ја побараат довербата на граѓаните на нови парламентарни избори. Како што вели, на тие нови парламентарни избори треба јасно и гласно да го информираат електоратот што сè прифатиле како отстапки во договорот со Бугарија, со какво ново име ерга омнес по волја на Грција сакаат да нè удостојат и на каков начин планираат да ги реализираат барањата од Тиранската платформа.
-За сите овие прашање треба да добиете мандат од нас. Се додека немате мандат, вие немате право да се впуштате во вакви егзибиционистички политички авантури загрозувајќи го државниот интегритет, независност и суверенитетот на Република Македонија и на Македонците. Ако навистина сметате дека договорот што сте го усогласиле со Бугарија е позитивен и добар за Република Македонија, тогаш бујрум на нови избори презентирајте го пред целата Македонска јавност. Зошто толку брзање, зошто такво нетрпение да ги ставите Македонците пред „свршен чин“?, прашува професорката Каракамишева-Јовановска.
Таа потенцира дека вината ќе биде само нивна ако овој договор трајно и неповратно го осакати македонскиот идентитет.
-Ваша и само ваша ќе биде одговорноста за штетните последици што истиот ќе ги произведе по македонската историја, култура, по македонската самобитност. Ако сте толку силно убедени дека ќе потпишете добар договор за Република Македонија чуму ви е очигледниот страв од реакцијата на јавноста? Дали имате чиста совест дека сте направиле добро дело за сопствената држава, или можеби совеста ви е извалкана до гуша па имате проблем како да се исперете од валканиците што доживотно ќе ги носите на себе?, прашува Каракамишева.
Додава дека во животот кога нешто толку многу се крие, и кога намерно работата се бутка под тепих, значи дека нешто воопшто не е на арно. Кога работата мириса, вели Каракамишева, море труе уште отсега, може само да претпоставиме каква реа ќе донесе на 2. август, на денот на најголемата македонска национална гордост.Обраќајки се до челниците на сегашната власт вели дека ако навистина сакаат да покажат дека се сериозни политичари прво тоа треба да го докажат во

Пронајдете не на следниве мрежи: