Помина месец и половина откако Катица Јанева излезе во јавноста со лажни обвинувања и манипулации околу уривањетро на дивоградбата Космос. На 24 април Катица Јанева стори класична клевета и без никаков доказ ја манипулираше јавноста дека сме ги нарушиле човековите права и слободи и сме постапувале селективно.Почитувани,
Помина месец и половина откако Катица Јанева излезе во јавноста со лажни обвинувања и манипулации околу уривањетро на дивоградбата Космос. На 24 април Катица Јанева стори класична клевета и без никаков доказ ја манипулираше јавноста дека сме ги нарушиле човековите права и слободи и сме постапувале селективно.
Ќе повторам, без ниту еден доказ. Чисто политичко обвинување и конструкција од која што секој правник би се засрамил. Катица Јанева срамно и непрофесионално игнорираше десетици решенија, вештачења и судски пресуди во полза на Општина Гази Баба кои јасно докажуваат дека Космос е дивоградба и не може и не смее да се третира поинаку од било која друга дивоградба. Катица Јанева ги сокри сите овие факти, односно отворено застана на ставот дека некои дивоградби мора да се третирани поинаку од останатите. Селективност спроведена по налог на Зоран Заев.
И покрај сите докази кои беа доставени од наша страна до СЈО, Катица Јанева сепак излезе на прес конференција и одлучи мене и на моите колеги да ни го наруши угледот преку пласирање на лаги и клевети. Откако во јавноста излегоа информации дека поранешниот градоначалник и висок партиски функционер на СДСМ, Мирослав Грчев си го ангажирала како вештак, се потврди целата слика и конструкција. Човекот еднаш веќе се обиде да фалсификува вештачење во полза на Фијат Цановски. Тоа не помина.
Државниот просветен инспекторат реагираше, а деканот потврди дека Грчев ја злопутребувал позицијата и незаконски употребувал печати од архитектонскиот факултет.
Од 24 април сум тука и ќе останам тука. Немам намера никаде да заминам, особено затоа што знам дека вистината е на моја страна. Нека и служи на чест на Катица Јанева што без никаков доказ бара мерки за мое обезбедување. Јас сум сигурен дека и во уште една судска постапка ќе го докажеме нашето законско постапување.
После овој срамен политички настап на Катица Јанева, деновиве бев повикан на дебата на која помислив дека ќе добијам шанса да ги соочам јавно моите аргументи и ќе излезат на виделина заблудите на другата страна. Јасно ми беше а верувам дека и е јасно и на македонската јавност зошто не беше присутен сопственикот на објектот Космос. Иако и тој самиот на прес конференција ме повика пред македонската јавност да ги соочиме аргументите сепак тој не се појави. И тие ја имаат истата документација и знаат дека го прекршиле законот.Но сепак не ми беше јасно зошто одбива да се појави на дуел вештакот Мирослав Грчев. Доколку беше така професионален експерт ќе можевме да ги соочиме аргументите и дебатата ќе беше добра прилика јавноста да види кој ја говори вистината а кој лаже.
Кога ја прочитав причината останав зачуден. Катица Јанева му забранила. Знам дека немаат аргументи, но не верував дека ќе се вратиме во најцрните времиња на комунизмот и УДБА и ќе почне да се цензурира вистината.
Затоа ја користам оваа прилика јавно да ја повикам и да ја охрабрувам Катица Јанева како што излезе на прес конференција на 24 април, да собере сила и да излезе на телевизиски дуел каде што ќе можеме да се соочиме со фактите и доказите.
Ви благодарам..
Почитувани,
Помина месец и половина откако Катица Јанева излезе во јавноста со лажни обвинувања и манипулации околу ури