Ја промашил земјата: Наместо во Латвија, отишол во Литванија

Еден навивач на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, кој тргнал да го бодри својот национален тим, наместо во Латвија отпатувал во Литванија.
Босна вчера играла во Рига и ја победила селекцијата на Латвија со 5:0 во квалификацијата за Светското првенство 2014 година.
Страсниот навивач Мустафа тргнал да го бодри тимот, но го промашил градот и земјата. Тој допатувал во Литванија, а потоа на својот Фејсбук профил се запрашал зошто нема никој од неговите сонародници и кога почнува утакмицата.
Набрзо добил одговор дека ја промашил земјата и дека утакмицата се игра во Латвија. Но Мустафа не се предал и дури прашал кога поаѓа првиот воз за Латвија. Сето ова ги насмеало неговите Фејсбук пријатели затоа што не успеал да стигне на утакмицата.
Еден навивач на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, кој тргнал да го бодри својот национален тим, наместо во Латв

Пронајдете не на следниве мрежи: