Ја убил сопругата, па напишал извинување на Фејсбук. Еве што навел во него!

Случајот со 46-годишниот Ромео Б. и неговата 13 години помлада вонбрачна сопруга Лидија К. која во неделата ја задавил со голи раце, а потоа нејзиното тело го однел во болница, пишувајќи потоа извинување на Фејсбук, ги изненади жителите на словенечко Велење. Ромео неодамна се вратил од издржување на тригодишна затворска казна поради насилство во семејството и двете деца кои имаат помалку од 6 години биле под постојан надзор на социјалните служби.
Тој во наплив на бес со голи раце ја задавил партнерката, најверојатно поради љубомора, а потоа неуспешно се обидувал да ја реанимира. Ја одвел до брза помош, каде само констатирале смрт и повикале полиција.
Извршителот на злосторството на бизарен начин им раскажал на пријателите што сторил и на Фејсбук напишал:
„Им се извинувам на сите поради тоа што го направив. Бев лош, па не вредев, па потоа се поправив и пак на никој не му бев добар. Што да правам тогаш и каков да бидам во животот? И тогаш некој ќе ми рече дека постои Бог. Не, нема Господ.“
Тој и убиената партнерка покрај своите две мали деца имаат уште пет поголеми деца од претходните врски кои ќе ги згрижи државата.

Пронајдете не на следниве мрежи: