Ја задавил својата девојка па сликите од телото ги објавил на интернет: „Се бореше проклето силно“

Полициата во Орегон уапсила маж  обвинет за убиство на својата девојка, по што објавил слики од нејзиното мртво тело на интернет.Дејвид Мајкл Калац (33) уапсен е во близина на Портланд  доцна навечер во средата.
Во вторник попладне во станот во Порт Орханд ја пронашле Амбер Лин Коплин (30) мртва. Во приближно исто време, властите добиле информација за сомнителни фотографии кои се објавени на социјалните мрежи Imgur   и  4chan.
„Авторот на тие фотографии, за кој се верува дека е Калац, покрај фотографиите напишал и дека ќе го открие местото  на злосторството и што тој ќе стори. Тоа го сфативме многу сериозно“,  рекол  полицаецот Скот Вилсон.
Фотографија на Калац непосредно по апсењето објавена е на Твитер профилот на полицијата: Дејвид Калац во притвор во Винсонвил. Фатен е без инциденти, соработува со полицијата.

Според локалната телевизија КОМО во  една од објавите стоело: „За неколку часа проверете ги вестите од Вашингтон. Нејзиниот син треба да се врати наскоро од училиште. Ќе ја најде и ќе повика полиција. Само сакав да ги споделам овие фотографии  пред да ме најдат. Купив воздушна пушка која изгледа како вистинска. Кога ќе дојдат ќе ја изнесам надвор, и тоа ќе биде самоубиство од страна на полицијата. Сфаќам доколку се сомневате дека ја зборувам вистината, но проверете на вести. Сега морам да се ослободам од телефонот“.

КОМО известил дека истиот автор подоцна напишал: „Испадна дека да задавите некого е многу потешко отколку што изгледа на филмовите. Се бореше проклето силно“.
Калац инаку и е познат на полицијата од претходно. Во своето досие има историја на семејно насилство.
Дејвид Мајкл Калац (33) уапсен е во близина на Портланд  доцна навечер во средата.
Во вторник попладне во станот во Порт Орханд ја про

Пронајдете не на следниве мрежи: