Јаценјук го отфрли мировниот план: Вистинскиот план на Путин е нов СССР!

Украинскиот премиер Арсениј Јаценјук гo отфрли мировниот план на рускиот претседател Владимир Путин за неговата земја, пренесе агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на негово соопштение.Ова е обид на Путин да go заблуди Западот во пресрет на самитот на НАТО и да избегне нови санкции против Русија,предупреди Јаценјук и изјави дека вистинскиот план на рускиот претседател ” е да се уништи Украина и да закрепне Советскиот Сојуз”.
“Сите претходни договори со Русија – во Женева, Нормандија, Берлин и Минск – беа игнорирани или безочно прекршени од рускиот режим”, истакна Јаценјук.
Путин ги повика украинските власти да ја прекинат употребата на авијација во населбите, додека на проруските сили им порача да запрат со дејствијата и изрази уверение дека ситуацијата решение за ситуацијата со Украина ќе има на 5-ти септември на состанокот на котакт група со претставниците од Киев и југоисточна Украина. 
Тој потврдил дека разговара на телефон со украинскиот претседате Порошенко за решавање на ситуација, наведувајќи план содржан во седум точки. 
„Претседателите меѓусебно се согласиле за чекорите кои ќе овозможат да настапи мир“ се наведува во соопштението на Киев. 
Прес службата истакна дека е постигнат договор за „постојан прекин на оганот“ на истокот на Украина. 

 
Информацијата ја потврди и портпаролот на Путин Димитриј Песков, но наведе дека Русија не може да учествува во договарање на прекин на оганот затоа што ни една страна не е во кавга. 
Обама пак денес изјави дека е премногу рано да се каже дека постигнале договор. Но дека ова е добра шанса која треба да се надогради. Додаде дека не може да се постигне реалистично решение доколку Русија и понатаму испраќа тенкови и војници. 
Исто така и германската влада нема потврда за договор за прекин на огнот, па така е во план да примени дополнителни санкции кон Русија. 
„Русија е терористичка и аргесорска земја и ќе сноси одговорност во согласност со меѓународните закони“ истакна Јаценјук на седницата на кабинетот која е пресувана на ТВ. 
Германската канцеларка Меркел истакна дека НАТО ќе им гарантира суверенитет на балтичките земји на самитот во Велс оваа недела, истакнувајќи дека промени во спогодбата со Русија нема да има
„Можеме да сметаме дека суверенитетот на балтичките земји ќе биде гарантиран“ истакнала Меркел. 
Исто така додала дека сите мерки кои ќе бидат донесени на самитот во НАТО ќе бидат во склад со компромисот меѓу НАТО и Русија, но дека НАТО мора да ја подобри својата способност поради брзото реагирање во регионот. 
Ова е обид на Путин да go заблуди Западот во пресрет на самитот на НАТО и да избегне нови санкции против Русија,предупреди Јаценјук и изјави дека в

Пронајдете не на следниве мрежи: