Јадете маџун и заборавете на доктор

Приказната за маџунот е стара колку и грозјето, а во Тиквешијата, според археолошките истражувања, одгледувањето на виновата лоза гради своја традиција повеќе од 2.000 години.До пред педесетина години во Кавадарци сите куќи за свои потреби произведуваа маџун, но, за жал, кон крајот на минатиот век оваа традиција речиси како да згасна.
Евтиниот бел шеќер и другите засладувачи, наспроти мачното производство на маџун, и покрај тоа што грозјето го има во изобилство, придонесоа оваa повеќевековна традиција полека речиси да згасне.
Но во име на здравјето и сѐ позачестените информации за штетноста на белиот шеќер и вештачките засладувачи, пред петнаесетина години неколку семејства почнаа со производство на маџун за продажба. Една од причините секако беше и ниската откупна цена на грозјето, која се симна на 5 и 6 денари за килограм, па многу лозари за дополнување на својот домашен буџет одбраа да произведуваат здрав природен засладувач, кој бил неизоставен традиционален прехранбен производ во Тиквешијата.
Така полека почнавме да се присетуваме на приказните кога во раните мугри дрварите оделе да берат дрва се напивале маџун и имале енергија цел ден да берат и да ги донесат дрвата дома. Познатите кавадаречки пишии исклучиво се јаделе со маџун, исто како и качамакот. Најубавото блакце на нашите баби била раванијата со маџун и ореви со оригинален и неповторлив вкус, пелтетo со маџун и ореви како задолжителниот десерт на божиќната посна трпеза во целата Тиквешија, а на самиот врв секако се наоѓа слаткото од тиква, кое се засладувало исклучиво со маџун.
Нашите баби правеле маџун од бели и од црвени сорти грозје, но ги избирале секако поблагите сорти, од кои излегува многу повеќе маџун. Колку верувале во лековитоста на овој производ потврдува фактот дека со маџун ги хранеле и своите бебиња.
Денес во Кавадарци полека се враќа производството на маџун и може да се каже дека има повеќе од сто семејства што за свои потреби произведуваат маџун, но и понекој килограм повеќе за продажба, затоа што сѐ повеќе се бара како лек, особено маџун од сортата грозје кратошија.
Едно од семејствата што имаат непрекината традиција во производство на маџун е семејството на Александар Галапчев.
„Во нашите краишта со векови маџунот и медот претставуваат природни засладувачи. Јас долги години одгледувам пчели, кои произведуваат мед, но маџунот е природен засладувач, кој го создал човекот измислувајќи технологија за негово производство од гроздов сок и сметам дека нашиот крај треба да биде познат најпрвин по производство на маџун, а потоа по алкохолни пијалаци. Ме радува тоа што повеќето кавадарчани се враќаат на старата традиција и се потсетуваат дека маџунот е лек, особено за проблемите со жолчката и црниот дроб. Научно е докажано дека тој се наоѓа на прво место како лек за регенерација на црниот дроб, а болните од жолтица и цироза не можат да го замислат лекувањето без маџун. Дедо ми, кој живеел 107 години, имаше целосна доверба во современата медицина, но велеше: „За помалку да се посетува доктор треба што повеќе да се јаде маџун“. Тој имал шест браќа и три сестри, живееле на средината и крајот на 19 век и сите доживеале 100 години“, вели Александар Галапчев.
Интересно е да се спомене и тоа дека во целост го почитуваат ритуалот на правењето на маџунот, така што за мешање на ширата го користат сукалото старо 200 години.
babinlek.comДо пред педесетина години во Кавадарци сите куќи за свои потреби произведуваа маџун, но, за жал, кон крајот на минатиот век оваа традиција речиси к

Пронајдете не на следниве мрежи: