Секако дека секоја храна може да се уништи со претерано додавање на сол или маснотии, но ако не се претрува со додатоците пуканките се одлични за крвните садови, органите за варење, а превенираат и од рак.
„Повеќето луѓе не знаат дека пуканките се житарици со полно зрно кои го намалуваат ризикот од срцев удар или рак, а само 30 грама пуканки се подеднкво добри како и порција кафев ориз или интегрални тестенини“, вели Catherine Collins, главниот нутриционист во лондонската болница St George. Пуканките содржат три пати повеќе хранливи влакна отколку истата количина на сончогледово семе заради што многу подолго време ќе се чувствувате сити.
Освен тоа пуканките го регулираат и нивото на шеќер во крвта, го намалуваат штетниот холестерол, а содржат и витамин Б. Истражувањето објавено во научното списание „American Chemical Society“ сугерира дека вистинската вредност на пуканките се крие во изненадувачки големата количина на полифеноли кои ги уништуваат слободните радикали кои предизвикуваат сериозни заболувања како рак и срцеви проблеми.
Секако сета позитивно влијание може лесно да се уништи со премногу сол, шеќер или масти. Затоа внимателно со додатоците.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.