Јадете сушено овошје секој ден

Сувото овошје е полно различни минерали и витамини и го јакне вашиот имунитет. Истовремено, ако претерувате со слатките, слободно потребата за благо заменете ја со сушено овошје.Кајсии
Кајсиите се добар извор на влакна, богати се со железо, витамини А и Ц, како и со антиоксиданси. Ова овошје ја подобрува крвната слика и е добро за анемија. Исто така, добро е и за вашите црева затоа што им помага на луѓето кои страдаат од лошо варење и запек. Дневното консумирање кајсии му помага на телото во борбатапротив инфекции, ги поправа оштетените ткива, гради силни заби и коски и го подобрува видот. Смокви
Смоквите содржат големо количество витамини: К, Б6, Ц, Е, различни минерали и фосфор. Смоквите се богати со бакар, кој е неопходен во производството на крвните жили. Исто така, нè штитат од рак, дијабетес, дегенеративни болести и од инфекции. Домати
Сушените домати содржат нула маснотии и холестерол, што значи дека немаат калории. Доматите содржат антиоксиданси, богати се со витамин Ц и со железо. Витаминот Ц што се наоѓа во сушените домати помага во превенција на ракот, дијабетесот, болестите на срце и на белите дробови.

Брусници
Сувите брусници се корисни за лекување на проблемите на уринарниот тракт. Тие исто така помагаат во борбата против бактериските инфекции, срцевожилните болести, го јакнат имунолошкиот систем и имаат антиканцерогени својства. Сувите брусници исто така помагаат во борбата против кариес. Грозје
Грозјето содржи минерали како калциум, железо, манган, магнезиум, бакар, флуор и цинк. Тие дејствуваат антивоспалително и го снижуваат холестеролот. Исто така штитат од рак на дебело црево и од рак на простата, но и од многу други болести, како што се коронарните болести на срцето, нервни болести, Алцхајмер и вирусни или бактериски инфекции.
Lady.mkКајсии
Кајсиите се добар извор на влакна, богати се со железо, витамини А и Ц, како и со антиоксиданси. Ова овошје ја&nbsp

Пронајдете не на следниве мрежи: