„Овој апарат не става во предност во однос на соседните здравствени домови од соседните општини затоа што таков апарат не постои во тие установи. Со ова е многу олеснета работата на нас како доктори, а од друга страна е овозможен полесен пристап и побрз на пациентите кои што имаат насушна потреба за ваква дијагностика.“Ова се зборови на Јагода Шахпаска кога во присуство на министерот Никола Тодоров во здравствениот дом во Пехчево беше промовиран ехо-кардиографот.
Кога Шахпаска треба да биде портпарол на Клиниката за некрофилија во СДСМ, единствената клиника која СДСМ ја направиле во здравството и е сместена во нивната централа на Бихаќка, тогаш се истураат грст лаги и чисти измислици со кои СДСМ се надева дека ако ги каже сто пати ќе станат вистина. Не стануваат.
Вистина е дека СДСМ со некрофилски тактики, злоупотреба на човечки судбини и манипулирање со луѓето со здравствени проблеми се обидува да се добере до некој ситен политички поен. СДСМ не се грижи за здравјето на граѓаните, туку само како на грб на нивните здравствени проблеми да поентира политички. Надвор од секоја здрава логика.
Да се грижеше за здравството СДСМ немаше да е позната како партијата чии министри за здравство не смениле ниту една сијалица во болниците низ Македонија, а да не зборуваме за градење нови. Министрите на СДСМ купуваа ѓердани за колешките и организираа продажби на стентови под маса кога животот на пациентите висеше на конец, а функционерите на СДСМ го продаваа за 1000 евра. Тоа се делата на СДСМ во здравството.
Фрустрацијата им е голема бидејќи не само што немаат дела, туку не им проаѓаат ниту лагите – а како да пројдат кога истата Јагода Шахпаска еднаш се обиде застаната пред новата клиника за гинекологија да ги лаже граѓаните дека не е изградена ниту една нова клиника?
Шахпаска и СДСМ наместо да држат мизерни прес конференции од нивната Клиника за некрофилија, треба да одговорат на неколку прашања, како на пример: Колку апарати за компјутерска томографија имаше во Македонија во време на СДСМ?
Колку апарати за магнетна резонанца имаше во Македонија во ваше време?
Дали СДСМ отвори државна кардиохирургија?
Имаше ли во Македонија детска кардиохирургија во време на СДСМ?
Дали во време на СДСМ се намалуваа цените на лековите?
Дали се набавуваа лекови за ретки болести на товар на државата?
Колку специјализации за докторите годишно се доделуваа?
Дали се испраќаа доктори на едукација во врвни медицински центри во странство?
Дали функционираа центри за интервентна кардиологија низ државата во време на СДСМ?
Дали СДСМ изгради нова детска болница во Козле?
Ова се само мал дел од прашањата кои заслужуваат одговор, бидејќи се во интерес на здравјето на граѓаните на Република Македонија. Граѓаните знаат кој што направил во здравството, гледаат кој работи и кој се труди во нивниот интерес, а ги гледаат и во СДСМ како без трошка срам лажат и манипулираат, кога самите не ни помислиле да инвестираат ниту трошка од она што Владата на ВМРО-ДПМНЕ го инвестира во здравството.
Затоа 11 години граѓаните на избори се вакцинираат против штетната некрофилска политика на СДСМ. Затоа и на наредните избори кои ќе се одржат кога и да собере храброст СДСМ, граѓаните ќе го казнат СДСМ за ваквото ооднесување.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕОва се зборови на Јагода Шахпаска кога во присуство на министерот Никола Тодоров во здравствениот дом во Пехчево беше промовиран ехо-кард