ЈАЈЦАТА НА ФРЧКО НА ОБРАЗОТ НА ТАКИ

Благовец. Недела пред Велигден. Во тензична атмосфера народот на Македонија се подготвува да го пречека најголемиот христијански празник, воскресението Христово. Во собранието врие а пред него багери, камиони, мотори и автобуси. И НАРОД, секој ден. Денес по 40-ти пат.Во нормални околности ќе бев растрчан во подготовки за претстојниот празник, набавки, средби со пријатели, роднини, планови за продолжениот викенд, можеби патување до Охрид и слични слатки дилеми.  Не и овој пат. Овој Велигден го исчекувам на улица. Со прашина на обувките и во грлото, трепет во душата, биење на срцето секој пат кога низ усните ми проаѓаат стиховите на Македонската химна и надеж, надеж во подобро утре.
Така секој ден еве веќе 40 дена по ред. Одам и на работа до 16.00. како повеќето од вас и во 17.00 сум нацртан пред Влада. Немам функција ниту државна работа, немам ни многу пари, немам ни сообраќајни казни ни неплатени сметки, не сум сторил ништо ниту сум за нешто обвинет. Мразам криминал, криминалци, лопови и преваранти, ловци во матно и хазардери. Презирам луѓе кои си играат со судбините на послабите од себе. Ме нервираат хазардери со туѓи пари и авантуристи со туѓи агенди. И пак сум тука, пред влада. Секој ден. Уморен, исцрпен од напорниот ден со потреба да си ги видам и прегрнам децата, сопругата семејството, да се гушнеме на гарнитурата во дневна и да гледаме некој долгометражен цртан филм и да се смееме. Ми недостига тоа. Но сепак сум тука, пред влада, секој ден во 17.00. …. Што барам? Унитарна Македонија. Просперитетна Македонија со функционални институции. Барам да ми се сочува јазикот на кој ме научила мајка ми за да можам гласно да ја пеам химната која ми ја оставиле во аманет, да го веам сонцето кое ги грее сите еднакво, да ме ословуваат со името по старо од Христовото – Македонија, а не со некоја понижувачка кратенка. Затоа сум таму.
Таму сум и зошто верувам дека овие желби и овој мој аманет кој мене ми го оставиле генерациите пред мене – и јас да им ги предадам на моите деца. Имам право на тоа. Имам право да не сакам дебата за име, знаме, химна зошто дебатите завршуваат со компромис на средина. Имам право да не сакам постизборна платформа за која никој не гласал – да не биде тема на разговор, договор и имплементација во собранието кое за тоа не добило мандат. Имам право да ги повикам на одговорност и совест оние за кои сме гласале да ми ги обезбедат овие права а не да ми ги нарушуваат. Имам право. Точка. Имам и ум. Мој, сопствен. Го користам и приватно и професионално. Размислувам со него. Размислувам како може двојазичност да биде услов за гонење криминал? Размислувам како може двојазични пари да бидат услов за економски просперитет? Размислувам и како етнички буџет може да гарантира унитарност? Размислувам, тоа е битно.
За разлика од преплатените ведети од МАНУ со образ ѓон, кои предводени од шмиргла образот Таки Фити – размислуваат само како да додадат уште некоја нула на своето конто во банка. За нив јас сум заблуден, платформа нема и се ќе биде добро ако тие што велат дека има и ја читаат на говорница и тие што по нив излегуваат и викаат дека ја нема – направат влада. Која ќе ја поевтини струјата. Дајте ве молам. НИЕ ГИ ПЛАЖАМЕ ОВИЕ ЛУЃЕ, овие интелектуални ЏУЏИЊА без корен и самопочит. За што? За да не нарекуваат со погрдни имиња? Ќе видиме за тоа. Се во добро време. И во цела оваа мешаница, не купив јајца. Кокошкини. Оние што се вапсуваат црвено на Велигден. Оние со кои шарените сакаа да влагаат по институции и да ги рушат. Такви не купив. Оние кои ги бара Фрчковски фала Богу секој ден си ги носам со себе. За него не сум сигурен дали ги има освен на паркинг и ако спроти него е жена или дете. И тогаш ги нема ама знае да симулира. За да најдеш такви јајца драг мој Фрчко, во партијата во која ги бараш ќе мора да брцнеш во голем број на гаќи. Ќе најдеш можеби дузина. Е сега не знам дали си против математика на екстерно ама ѕирни секој ден накај 18.00 пред собрание.
Направи една визуелна јајце компарација. Мислам дека и тебе ќе ти биде јасно. Останува уште само да побараш косовски теледиригирани јајца, платени, наапани од оџа или инструктор по граЏанство. Мислам дека примарно тие јајца ги бараш. Затоа и Заев отиде да ги чеша веднаш по твојата колумна. Убава насока си му дал, само лошо си избројал. Тие јајца имаат пари за уште 3 месеци. Затоа ви се брза. Да се докопате до буџетот за да ги платите Илиридските јајца за услугата и  секако да го избришете рабушот од декември. #НемаДаВиПомине друже Фрчко.  Затоа уздај се у се, и у своја јаја. И стави ги на образот на Таки ако толку те чешаат. Најче може да ви денса а Ќулафкова да ви рецитира за да појачате доживљај. Само оваа битка нема да биде на паркинг иако според тебе и таму е легално да се направи Тиранска влада врз Тиранската платформа. И запомни. Јас не сум на улица зошто ми е мило. Нити ми е убаво ни фенси. Нити сум за тебе. Но секако сум за моите и твои деца. За мојата земја.
За мојот народ кој го поганиш со секој земен здив. Сакале ти и твоите јајца или не. Не не интересира кој ви згрешил. Не не интересира кој ве платил. Цената што сте ја понудиле за возврат, за газовите да ви се рапределат во уште по некоја фотеља е Македонија. Многу ни е друже Фрчко. Не се договоривме така. Да беа пари па да ви платевме, да размислевме но ни ја барате душата. Таа ни е една. И јазикот. И името. И државата ни е една. Вие можеби имате резервна, ние не. Затоа, дајте веќе еднаш јајцата НА АЧИК и ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА !
Алекс Ванко
писател,филозоф,аналитичарВо нормални околности

Пронајдете не на следниве мрежи: