Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, реагира по повод конференцијата за медиуми на советниците од СДСМ, каде го обвинуваат за неисполнети ветувања.Во продолжение следува неговата реакција
Социјалдемократскиот сојуз во својата општа конфузија не знае ништо друго да каже освен да се служи со лаги.
Во момент кога СДСМ не знае кој, всушност, ја води партијата, дали е тоа Зоран Заев, дали Радмила Шеќеринска, дали пратениците или Бранко Црвенковски, нивната советничка група одлучува да држи конференција за печат и тоа преку најнекредибилната личност, Магдалена Несторовска. Истата советничка која во Општината доаѓа со „кампањола“, службено возило на Министерството за одбрана, во момент кога половина од нејзините другари од МО се со кривични пријави, таа „држи лекции“ за наводни долгови и несовесно работење.
Ако ја интересира каде се парите од продажбата на старото училиште „Братство“ (старата општинска зграда), нека прошета низ општината, нека ги види градинките „Пролет“ во Козле и во Влае, нека ја види изградбата на новата фасада на зградата на улицата Никола Парапунов и дузина други инфраструктурни зафати кои се во тек.
Конечно, СДСМ, наместо да ја дефокусира јавноста со лаги за Општина Карпош, нека одговори дали е точно дека родената тетка на нејзиниот член Андреј Петров, до скоро потпретседател на партијата, Вера Видинова, е во притвор и зошто?
Извор:kurir.mkВо продолжение следува неговата реакција
Социјалдемократскиот сојуз во својата оп