Јако засилување на економскиот тим на Заев – освен Мерко и Шапуриќ, инвестиции ќе носи и Харун Хаџибулиќ

Харун Хаџибулиќ е новото име во тимот кој ќе привлекува инвестиции во државата. Самиот Харун кој се прикажува како близок до премиерот Заев, а кој во моментот е во бегство и недостапен на ораните на прогонот, најавува враќање во државата со главна задача да привлекува инвестиции и да отвора нови работни места, пишува порталот Република.-Колку и да ме оспоруваат и за мене прават погрешна слика, во наредниот период мојата домашна задача ќе биде како нормален бизнисмен и граѓанин да ги користам моите конекции и пријатели од целиот свет и ги донесам во Македонија да инвестираат и отвораат нови работни места со достоинствени плати! Да јас ги имам тие луѓе и во секое време сум спремен да бидам од помош!“ напиша Харун Хаџибулиќ.

Харун важи за близок до СДСМ и Зоран Заев. Тој се прикажува како пријател од опкружувањето на владеачката партија, и често пати виден во негово друштво.
 
-Инаку Хаџибулиќ, во јавноста важи за познат припадник на скопското криминално подземје, тој е осудуван за насилство и наркотични деликти, а по него беше распишана и потерница за помагање во убистото на Мирсад Криешторац кај Универзалната сала во Скопје во 2010 година. Криешторац во своја одбрана рече дека носител на убиството бил токму Харун, пишува Република.

Актуелни министри без ресор за привлекување на инвестиции на Заев се Мерко од Струга, и Шапуриќ од ЛДП. Инаку досегашниот тим за привлекување на инвестиции беше составен од Виктор Мизо кој дојде од Њујорк, Џери Наумоф од Чикаго, Горан Мицковски од Лондон, Бил Павлевски и Веле Самак кој исто така дојдоа од САД за работат за привлекување на инвестиции во тимот на владата на Груевски.
 -Колку и да ме оспоруваат и за мене прават погрешна слика, во наредниот период мојата домашна задача ќе биде како нормален бизнисмен и граѓан

Пронајдете не на следниве мрежи: