Маестралноста на македонскиот актер Петар Темелковски уште еднаш беше пренесена преку монодрамата за Јане Сандански „100 години после“ на сцената во Бизниз инкубаторот во Берово.Преку зборовите на актерот и историската врска со последните години од животот на единствениот илинденец кој ја доживеал поделбата на Македонија на 10 август 1913 во Букурешт, Петар Темелковски го пренесе преломот на Сандански кој во тој период од 1913 до убиството во 1915 година бил воден од горчината на суровата историја на Македонија губејќи ги своите идеали.
Монодрамата е напишана по повод еден век од загинувањето на Јане Сандански кој на 22 април 1915 година бил предаден и убиен на пат кон Неврокоп и е дел од авторскиот опус од монодрами на Петар Темелковски.
Изведбата во Берово е дел од програмските активности на општина Берово во областа на културата за подигнувањето на културните вредности и истакнување на делото на значајните личности од македонската историја.
За монодрамата се користени архивски материјали за македонската историја од македонски историчари.
Преку зборовите на актерот и историската врска со последните години од животот на единствениот илинденец кој ја доживеал поделбата на Македонија на