Јанева ќе прави свадба, па затоа нема време да се занимава со „Пуч“

Не можам во април, имам приватни обврски, ќерка ми ќе прави свадба, рече меѓу другото Јанева во образложенијата кога стануваше збор за закажување на датумот за следното рочиште за „Пуч“Цели два месеца ќе нема никакво рочиште за случајот „Пуч“, а една од причините е и семејната веселба на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.
Откако денешното рочиште беше одложено поради поднесената жалба од страна на СЈО против решението на Кривичниот суд со кое одлучи да не му даде копии од доказите на ова Обвинителство класифицирани како државна тајна, странките требаше да се договорат за датум за следно рочиште.
Отпрвин страните наведоа дека за одлука по жалбата на Апелациониот суд, како за други подготовки ќе биде потребен еден месец, со што би требало следното рочиште да биде закажано во април. Но Јанева побара да нема рочиште тој месец. Причина е, како што рече, ќе била зафатена со семејна веселба, односно со свадба на нејзината ќерка закажана за првата половина на април.
– Не можам во април, имам приватни обврски, ќерка ми ќе прави свадба – рече меѓу другото Јанева во образложенијата кога стануваше збор за закажување на датумот за следното рочиште за „Пуч“.
Како што веќе објавивме, рочиштето за „Пуч“ денеска се одложи на барање на специјалното јавно обвинителство. Обвинителката Катица Јанева рече дека СЈО поднело жалба против решението на Кривичниот суд, со кое одби да им достави копии од доказите класифицирани како државна тајна.
Судот одлучи рочиштето да биде одложено поради процесни пречки, односно поднесената жалба. Следното рочиште е закажано за 3 мај. Обвинителката рече дека увидот во доказите е завршен, но доказите им се потребни за да можат да се подготват за воведниот збор. Инаку, тим на СЈО вршеше увид во доказите во простории во зградата на Кривичниот суд, пишува Телеграф.мк
Во судницата беа сите обвинети во случајот „Пуч“, меѓу кои и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Инаку, како што вчера соопшти Основниот суд 1, Кривичниот суд не му доставил копии од доказите за предметот „Пуч“ на специјалното јавно обвинителство затоа што тоа би претставувало повреда на обврската за чување класифицирани информации.Цели два месеца ќе нема никакво рочиште за случајот „Пуч“, а една од причините е и семејната веселба на специјалната јавна обвинителка,

Пронајдете не на следниве мрежи: