Писмото на специјалната јавна обвинителка до Советот на обвинители е со измислена содржина. Избрканите јавни обвинителки не дале исказ каков што Јанева тврди во писмото, изјави денеска претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски.Аневски рече дека заклучокот на Советот на Јавни обвинители по обемната дискусија за двете обвинителки е дека Катица Јанева го прекршила законот за јавно обвинителство и законот за работни односи, затоа што по нејзино наоѓање ги отстранила од работните места и на брутален начин со асистенција на судската полиција ги исфрлила од нивната канцеларија двете обвинителки Лејла Кадриу и Марија Ѓоревска.
– Катица исто така во писменото обраќање наведе дека сами тие побарале да заминат, и тоа не е точно и буквално речено писмото е со невистинита содржина, такво барање нема и не произлегува од исказот на двете јавни обвинителки. Советот на обвинители утврди дека двете обвинителки се избркани од работа, и не се отстранети поради намален обем на работа, рече Аневски.
Тој додаде дека односот е непристоен и неетички и на наредната седница членовите од Советот бараат да видат колкав е обемот на работа и тогаш е можно да донесат одлука за намалување на обвинителството на Јанева од 12 на 10 обвинители, како и да решат за судбината на обвинителките каде ќе работат.Аневски рече дека заклучокот на Советот на Јавни обвинители по обемната дискусија за двете обвинителки е дека Катица Јанева го прекршила законот за