Ќе собере ли храброст специјалната обвинителка Kатица Јанева како надлежна за незаконски прислушувани разговори да ја искористи можноста дадена во членовите 194 и 195 од Законот за кривичната постапка да побара од судија наредба сама да ги одземе снимките што сè уште ги поседува Зоран Заев, без да чека тој самоволно да го направи тоа, пишува „Дневник“.Прашањето е многу логично ако се има предвид дека дел од 600.000 прислушувани разговори на 20.000 граѓани за кои Заев тврдеше дека ги чува како „своите очи“ се најдоа во рацете на веќе осудени криминалци, а сега осомничени во фабриката за афери. Kако што е познато, Заев пред само три дена тврдеше дека тој најдобро знае да ги чува снимките, кои имале чувствителна и доверлива содржина, за да ја заштити приватноста на прислушуваните граѓани. Еден ден подоцна во фолдер „СДСМ – Заев“ кај еден од осомничените во акцијата за фалсификувани документи беа пронајдени десетици илјади снимки, а објавена е и фотографија на осомничениот со Заев. Тој не негира дека му ги дал снимките на осомничениот, туку вели да се почека истрагата.
Што досега направи обвинителката?
Јанева досега го толерираше Заев и покрај изминатиот рок за предавање на снимките според Законот за заштита на приватноста. Изјавуваше дека нема потреба да му ги бара бидејќи му верува на дадениот збор на Заев од договорот од Пржино дека сам ќе ги предаде. Откако тој не ги предаде со образложение дека Јанева с` уште нема обезбедени услови да ги чува, а под притисок на јавноста таа се реши да го искористи членот 287 од Законот за кривична постапка и на 14 декември му напиша писмо во кое побара Заев да ~ ги достави снимките. Се работи за процедура, која повторно се базира на самоволно предавање предмети на обвинител.
Според овој член, јавниот обвинител може да бара контрола или привремено одземање предмети и документи што можат да послужат како доказ или да бара податоци што можат да послужат како доказ за сторено кривично дело или имот стекнат со извршување кривично дело… Субјектите до кое е упатено барањето се должни да му ги достават овие предмети, податоци, документи… без одлагање, а најмногу во рок од 30 дена. Ако тоа не го сторат во овој рок, јавниот обвинител може да му предложи на судот да изрече парична казна во висина од 2.500 до 5.000 евра. Јавниот обвинител има право самиот да ги обезбеди и да изврши увид на материјалите што ги побарал.
Рокот за Заев за предавање на снимките по оваа основа истекува кон средината на јануари. Јанева с` уште чека лидерот на СДСМ сам да ги даде материјалите.
Втора опција
Но во ситуација кога рокот не е истечен, а снимки од прислушувани разговори им се делат на криминалци, логично е да се преземе нешто за да се спречи нова злоупотреба на материјалите.
Освен оваа одредба од Законот за кривична постапка, која ја искористи Јанева, постои и втора опција што ја нуди овој закон за одземање предмети од обвинител дадена во членовите 194 и 195.
„Предметите што според Kривичниот законик треба да се одземат или што можат да послужат како доказ во кривичната постапка привремено ќе се одземат и ќе му се предадат на чување на јавниот обвинител или органот определен со посебен закон или на друг начин ќе се обезбеди нивното чување. Наредбата за привремено одземање предмети ја издава судот по предлог на правосудната полиција или јавниот обвинител“, стои во членот 194 од ЗKП.
Наредниот член, опишува дека предмети можат привремено да се одземат и без наредба од судот ако постои опасност од одлагање и за кои постојат основи за сомневање дека се предмети на кривично дело.
Според членот 100 од Kривичниот законик, „никој не може да ги задржи или присвои предметите што настанале од извршување на кривичното дело“. Според нашите правни извори, оваа одредба се однесува само во случаи кога кривичното дело е утврдено со пресуда, но основ за постапување на Јанева според истите извори има во ставот 3 кој вели:
„Предметите што се употребени или биле наменети за извршување кривичното дело може да се одземат ако постои опасност повторно да бидат употребени за извршување кривично дело“.
А, снимките што ги поседува Заев се доказ во постапката за „Пуч“.
Прашавме во СЈО дали, имајќи предвид дека по последните настани, постои опасност снимките од незаконското прислушување што с` уште се кај Зоран Заев да завршат кај трети лица или да се продаваат од странство, покрај писмото со барање за предавање на снимките, имаат намера да ги заштитат граѓаните со тоа што ќе ги одземат снимките од Заев за да се спречи ново кривично дело?
Одговор не добивме, пишува Дневник.Прашањето е многу логично ако се има предвид дека дел од 600.000 прислушувани разговори на 20.000 граѓани за кои Заев тврдеше дека ги чува како &bd