четврток, 12 ноември 2026
Најново

Јанева пред Советот на обвинители ќе објасни зошто исклучила две обвинителки

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска треба да поднесе извештај пред Советот на јавни обвинители зошто го намали бројот на помошници од 12 на 10.Јанева минатата недела од својот тим ги исклучи обвинителките Лејла Кадриу и Марија Ѓоревска
Претседателот на Советот за јавни обвинители Петар Аневски минатата недела за медиумите изјави дека во Советот е формирана тричлена комисија која ќе го испита овој случај, по што ќе бидат донесени заклучоци.
Кадриу и Ѓоревска на 20-ти овој месец го информирале Аневски, како што рече тој, видно вознемирени и револтирани за начинот на кој биле избркани од СЈО.
Тој додаде дека до Советот пристигнало писмено известување од специјалната јавна обвинителка спротивно на тврдењето на Кадриу и Ѓоревска и дека заради намален обем на работа било одлучено овие две обвинителки да се отстранат. Според Аневски, специјалната обвинителка вонредно е повикана во Советот поради сомневањето дека процедурата е прекршена.
Специјалното јавно обвинителство тврди дека нивната постапка е целосно во согласност со законот.
– Специјалната обвинителка Катица Јанева ќе се јави на поканата од Советот на јавни обвинители. Таа пред комисијата ќе ја образложи својата постапка, која целосно е во согласност со законот. Не е спорно дека Советот има законско право да поставува прашања за работата на Специјалното обвинителство, вели портпаролката на СЈО Ленче Ристовска.Јанева минатата недела од својот тим ги исклучи обвинителките Лејла Кадриу и Марија Ѓоревска
Претседателот на Советот за јавни обвинители П

Поврзани вести