Јанева уште еднаш ги спаси Заев и Верушевски

Рочиштето за случајот „Пуч“ е одложено за 3-ти мај. Специјалното јавно обвинителство пред судот потенцираше дека тие сметаат дека нема услови за отпочнување на расправата.Ова е деветто одложување на рочиште на кое треба да им се суди на лидерот на СДСМ Зоран Заев и екс-разузнавачот Зоран Верушевски. Со вакво одложување само се потврдија информациите дека Катица Јанева ќе одложува додека може во обид да ги спаси овие лица.
Обвинетите за тешки дела во „Пуч“ помогнати од Специјалната јавна обвинителка упорно го одложуваат моментот во кој треба да се соочат со законите и правдата. Јанева сега повторно бара причина за одлагање на „Пуч“. Иако Судот и овозможи увид во документите, сега Јанева упорно ги бара сите иако се класифицирани.
Претходно, претседателот на СДСМ не се појавуваше на судењето за „Пуч“, а специјалната јавна обвинителка Катица Јанева без никакво образложение одлучи да го ослободи од притвор првоосомничениот во случајот Зоран Верушевски. Сопругата на Верушевски, која исто така е осомничена за „Пуч“, преку Фејсбук му се заблагодари на Зоран Заев за работата која ја заврши Катица Јанева.
Покрај тоа што Јанева ги спасува Заев и Верушевски со одложувањето на судењето за „Пуч“, специјалната јавна обвинителка е во акција за спасување на Заев и за случајот „Поткуп“. На почетокот од месец февруари, под силен притисок на лидерот на СДСМ, како што пишуваа медиумите, Јанева поднесе и барање за да го спаси првиот човек на опозицјата од случајот „Поткуп”, односно да го исчисти Заев за ова кривично дело.

Дополнително, СЈО не кажа врз која основа го бара од обвинителството за организиран криминал случајот во кој Заев е обвинет за примање поткуп од 200.000 евра за приватизација на земјиште, кога истиот не е во нејзина надлежност оти не произлегува од прислушуваните материјали.
Исто така, како што објавија медиумите, покрај барањето на предметот „Поткуп“,  Јанева поднела и барање за повлекување на предметот за „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали и „Прикажување на порнографски материјал на дете“,за кој првообвинетиот во Пуч, Зоран Верушевски, беше осуден на казна затвор во времетраење од три години.
Освен овие предмети, специјалната обвинителка неосновано побара да го повлече од обвинителството и предметот кој се води против синот на Верушевски во чиј компјутер полицијата лани пронајде голем број на материјали поврзани со детска порнографија. Минатата година  во јануари МВР поднесе две кривични против Верушевски и синот кои беа процесуирани до Јавното Обвинителство. Основното обвинителство ги одби ваквите барања.Ова е деветто одложување на рочиште на кое треба да им се суди на лидерот на СДСМ Зоран Заев и екс-разузнавачот Зоран Верушевски. Со вакво одложува

Пронајдете не на следниве мрежи: