Јаневски: Немам проблем со Попов, се трудам работите да ги гледам професионално и реално

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Чедомир Јаневски, во изјава за „Екипа.мк“ вели дека нема никакви проблеми со Горан Попов.„Немам никаков проблем со Горан Попов, се трудам секогаш работите да ги гледам професионално и реално. Точно е, се обидовме да оствариме контакт со Горан Попов, и тоа на моја иницијатива“ вели селекторот Јаневски за „Екипа.мк“ притоа надополнувајќи…
„Му реков на секретарот на репрезентацијата, Марио Ѓурчиновски, да оствари телефонски контакт, дека сакам да се слушнам со него и да поразговараме, да добијам информации од прва рака, од него лично, за неговата подготвеност. Добив информација дека не се јавил на телефонскиот повик и дека не одговорил на СМС пораките на истиот број“ вели за „Екипа.мк“ селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Чедомир Јаневски.
Целото интервју на Чедомир Јаневски за порталот „Екипа.мк“ би можеле да го прочитате ТУКА.
Извор: ekipa.mk„Немам никаков проблем со Горан Попов, се трудам секогаш работите да ги гледам професионално и реално. Точно е,

Пронајдете не на следниве мрежи: