Јапонската економија паднала трет месец по ред

Јапонскиот бруто домашен производ неочекувано падна во последниот квартал од минатата година, трет квартал последователно, што покажува колку е тешка борбата на новата влада која со радикални политики настојува да ја извлече третата светска економија од рецесија.Јапонската влада во четвртокот објави дека БДП-то во четвртиот квартал од минатата година ослабнал за 0,1 отсто во однос на претходното тромесечје.На годишно ниво, пак, економијата паднала за 0,4 отсто, додека аналитичарите што ги анкетираше Reuters очекуваа раст од 0,5 отсто.Настојувајќи да ја поттикне економијата да излезе од рецесија и да ја сузбие дефлацијата, новиот премиер Шинзо Абе, кој мандадот го доби на вонредните избори во декември, најави пакет поттикнувачки мерки и ја притисна централната банка на натамошно олабавување на монетарната политика.
МакфаксЈапонскиот бруто домашен производ неочекувано падна во п

Пронајдете не на следниве мрежи: