Јапонскиот премиер Шинзо Абе ја нарече „опасен чин” одлуката на кинеската фрегата со насочен радарски сноп да 'осветли' еден брод на јапонската воена морнарица, пренесува Би-Би-Си.
Таканареченото 'заклучување' на радарот на мета обично претходи на испалување оружје што е наведувано со радарски сноп, па таквиот потег на војската го толкуваат како закана со напад.
Абе во јапонскиот Парламент рече дека потегот можел да доведе до „непредвидлива ситуација” и ја повика Кина на „воздржаност”.
Инцидентот се случил минатата недела во близина на спорните острови во Источно кинеското море, кои во Јапонија ги нарекуваат Сенкаку, додека во Кина Диаоју. Островите се под јапонска управа, а Кина полага право на суверенитет над нив.
Макфакс
Јапонскиот премиер Шинзо Абе ја нарече „опасен чин” од