Јас гласам за оригиналот – Во парк на Студени нозе

По повод римејкот што Влатко Илиевски го направи со Викторија Лоба на легендарната песна „Во парк“ на Студени нозе, го пишувам следново.
Ги преслушав и двете песни. И се разбира оригиналот ми се допаѓа повеќе. Не е лош ни римејкот ама оригиналот си е оригинал…
Оригиналот ме потсети на студентските денови, на почетоците на македонската независност, на мојата младост. Песнава беше хит, а тогаш богами и немаше продукција или хиперпродукција. Требаше стварно да ја бива песната за да е хит. 
Којзнае можеби е добро што се направи римејк за да се потсетиме на оригиналот. Го просурфаф Јутјуб и ја најдов само оваа верзија. Па може ако некој има снимка од оригиналот од тогашната МТВ да подигне на Тјуб, да се потсетиме на Студени нозе фраерите ама и да се потсетиме на Тина, која потоа исчезна од Скопје. Не направи кариера во музиката зашто живееше подолго време во САД, во Флорида.По повод римејкот што Влатко Илиевски го направи со Викторија Лоба на легендарната песна „Во парк“ на Студени нозе, го

Пронајдете не на следниве мрежи: