Дали некогаш сте сретнале жена- аждаја? Ако не сте, прочитајте ја оваа исповед и ќе дознаете каква жена е таа…Честа е предрасудата дека мажите се тие кои во љубовниот однос можат да бидат бесчувствителни или да ја искористуваат другата страна, а дека тоа има повеќе врска со карактерот докажува и оваа исповед.
Дали таквото однесување е само еден одбранбен механизам или резултат на карактерот на еден поединец , тешко е да се одреди…
Ова е исповедта на девојката која е вистински пример за „бесчувствителна кучка“ или „аждаја“.
„Што се однесува до љубовните врски, навистина можам да бидам бесчувствителна кучка. Морам тоа да го признаам. А да кажам дека сум девојка која секој би ја посакал, би било навистина апсурдно.
Еднаш бев со еден дечко кој го доживував само како нешто без обврски. Ќе дотрчаше во било кое време кога ќе му се јавев. Тој беше тој на кого му ѕвонев во 4 сабајле кога бев пијана и напалена. Живееше многу подалеку од мене , но штом му ја пишев пораката откако ќе ги поминев сите ноќни клубови, тој ќе променеше и три превози сред ноќ само за да ме види.
Откако ќе го добиев тоа што го сакав, ќе му кажев да си оди. Бев готова. Не го сакав покрај себе. Само ќе му кажев да си оди дома и тоа беше тоа. Тој сакаше да остане, да ме праша дали сакам да одиме на вечера утредента. Ништо од тоа не се исполни. Не бев заинтересурана за него и не сакав да имам никаква врска со неговите планови за нас. Но, тој упорно доаѓаше.
Еднаш ми рече дека сум АЖДАЈА! Искрено, сите мои врски така функционирале. Им давав многу малку, а земав се што сакав. Имав чувство само за сопствените желби, не и за туѓите.“
„Знаете зошто? Затоа што сум гладна. Гладна сум за нови искуства, сирова енергија, страст. Гладна сум за нешто ново. Никогаш не се чувствувам смирено и задоволно.
Собирам машки срца, бидејќи ми е подраго да ме сакаат тие мене а не јас нив. Мажите на кои јас им се допаѓам се оние кои сакаат да ме спасат. Тоа ми е интересно само некое време а потоа брзо ми здосадува.
Тие ми даваат се а јас останувам на крајот без ништо! Во врските се однесував како да сум сама. Ги откажував сите планови со дечкото доколку ми излезеше нешто поинтересно. Не бев добра девојка, меѓутоа не се чувствувам виновна за тоа. Напросто не ми беше важно.
Не сакав да правам компромиси, а доколку некој сакаше да ги прави со мене- во ред беше ќе најдев брзо некој друг.
Своите дваесет години ги поминував во борба помеѓу „двете јас“- таква каква што бев во врска и онаква каква што бев без машко поред себе- инаку постои причина зошто ова го пишувам. За прв пат во животот се наоѓам во врска, здрава и зрела. Колку и да се трудев да побегнам од него, тој се држеше. Се обидов да го избркам од себе, но не успеав.
„Чудно, го почитувам и му се восхитувам како ме издржа, иако и понатаму не ми се јасни неговите мотиви да се бори за мене. Ме плаши тоа што ми е ОК со него….
Почнувам да разбирам дека тоа што некоја е т.н аждаја не значи дека нема срце. Тоа само значи дека тоа е многу добро скриено и строго чувано. Значи дека чека некој доволно вреден.
Најмногу привлекувам несигурни мажи. Тоа е факт. Исто како и што е факт дека тие ме привлекуваат мене. Но, ете- тие се трудат само за мене, бидејќи овие другите би очекувале и јас да се трудам за нив а тоа не ми одговараше.
Пријателките чудно ме набљудуваа кога ќе им кажев дека сексот ми е поважен од чувствата. Секако дека е така, ако немам чувства за некого. Освен физичката привлечност. Жените го можат тоа исто како и мажите знаете?
Вистината е дека тоа го можат сите оние кои ќе одберат да не чувствуваат ништо отколку да чувствуваат болка. Поради тоа секогаш се надевав на туѓите чувства, отколку да допуштам да ми се скрши срцето.
Тоа е вистината, а секогаш постои некој кој ќе е вреден за вас, некој несигурен и некој кој ќе може да се носи со тоа. “Честа е предрасудата дека мажите се тие кои во љубовниот однос можат да бидат бесчувствителни или да ја искористуваат другата страна, а дека тоа им



