Веќе со децении наназад (практика која е остаток од социјалистичкото општествено уредување) сведоци сме на користењето на образовните институции во државата како главно орудие за медицинска евиденција што е во најмала рака нелегално и криминално, затоа сакаме да ве известиме дека ова повеќе нема да се толерира.Со масовните вакцинации кои се спроведуваат преку училиштата и насилното инволвирање на просветниот кадар во образовните институции да учествуваат во истите грубо се кршат основните човекови права и слободи, дел од македонската легислатива , уставот, меѓународни договори и конвенции кои Македонија ги има ратификувано. Ве известуваме дека Сите инволвирани страни, поединци или институции ќе се соочат со тужби и кривични пријави, според позитивните правни прописи на РМ, доколку се продолжи со ваквата практика на безумни и нелегални дејствија.
Таквите известувања можете да ги вршите преку евидентираните домашни адреси на родителите, односно старателите на учениците за евентуални покани за вакцинација. Таквите практики за вакцинација што користат во училиштата или од страна на просветните работници како медијатори за било какви медицински дејствија се незаконски, нелегални и злосторнички. Бруталната дискриминација и нарушување на приватноста која се врши секојдневно над учениците, објавувајќи го нивниот медицински статус на огласни табли како вакцинирани или невакцинирани ученици повеќе нема да се толерира и истиот ќе бараме да се санкционира на сите можни начини!
Македонија како членка на Обединетите Нации и потписник на Конвенцијата за правата на детето, држава во која човековите права и слободи се темелни вредности на уставниот поредок, во која со член 9 од Уставот е утврдено дека сите граѓани пред Уставот и законите се еднакви, со член 44 од Уставот на секого му се гарантира правото на образование, кое на секого му е достапно под еднакви услови, во која основното образование е бесплатно и задолжително, во која со член 18 од Уставот се гарантира сигурност и тајност на личните податоци.
Најпрво укажуваме на член 8 став 1 од европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи која гласи „Секој човек има право на почитување на неговиот приватен… живот…“, потоа став 2 кој гласи „Јавната власт не смее да се меша во остварувањето на ова право…“. Дел од тој приватен живот е и правото на родителите да го вакцинираат или не сопственото дете, на кого ќе ја откријат таа информација или нема да ја откријат таа информација. Во таа смисла приватноста на детето се повредува што за него се објавуваат информации за неговата медицинска состојба дали е вакцинирано или не, и слично, преку истакнување на огласни или друг вид табли, во време кога е предвидено вакцинирање, списоци со Имиња и Презимиња на деца кои се вакцинирани или невакцинирани. Истакнувањето на истите без дозвола на родителите се крши приватноста на децата, со тоа што Јавно, на видливо место се обелоденуваат податоци од приватен карактер. Како институција вие сте должни да се грижите за децата додека се на настава. Впрочем според законот за заштита на детето (Сл. Весник бр. 23/2013 година) член 3 „Заштита на децата… се остварува преку обезбедување на определени права, средства и облици за заштита на децата“.
Бруталната дискриминација на приватноста е недозволива и според Протоколот број 12 од европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи(Сл. Весник бр. 30/2004 година). Член 1 „Уживањето на секое право предвидено со закон ќе биде обезбедено без дискриминација врз било која основа… или друг статус“. Потоа став 2 од истиот член гласи „Никој не смее да биде дискриминиран од страна на јавен орган по било која основа наведена во став 1.“
Согласно ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА (Сл. Весник на Р. Македонија, бр.23 од 14.02.2013 година)
Со член 13 став (1) се забранува секаков вид на директна или индиректна дискриминација и малтретирање во остварување на правата и облиците на заштита на децата утврдени со овој закон.
(2) Секое дискриминаторско дејствие сторено во вршењето на службената должност претставува основ за поведување на постапка за дискриминација согласно со Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Согласно член 227, глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на лице кое врши директна или индиректна дискриминација и малтретирање во остварувањето на правата и облиците на заштита на децата утврдени со овој закон (член 13).
(2) Секое дискриминаторско дејствие сторено во вршењето на службената должност претставува основ за поведување на постапка за дискриминација согласно со Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Кривично дело е ОТКРИВАЊЕ НА МЕДИЦИНСКИОТ СТАТУС НА УЧЕНИК НА ТРЕТО ЛИЦЕ ! Најзначајниот фундамент на медицинската етика е строгата доверливост помеѓу докторот и неговиот пациен кое воедно е и многу јасно законски регулирано:
Закон за здравствена заштита Професионална тајна Член 153 (1) Здравствените работници и здравствените соработници имаат права и должности уредени со овој и друг закон.
(2) Здравствените работници се должни да чуваат како професионална тајна сè што знаат за здравствената состојба на пациентот.
(3) Професионалната тајна се должни да ја чуваат и другите вработени во здравството кои ќе ја дознаат во вршењето на својата должност, како и студентите и учениците.
(4) Професионалната тајна се должни да ја чуваат и сите други лица кои за време на вршењето на својата должност ќе дознаат податоци за здравствената состојба на пациентот. Повреда на чувањето на професионалната тајна.
Согласно член 15-а од ЗАКОНОТ ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ основното училиште собира, обработува, чува, испраќа и користи податоци содржани во збирките на податоци согласно со прописите за заштита на личните податоци, за потребите на интегрираната база на податоци која ја води Министерството.
Според член 15-б точка 1 како збирка на податоци за ученикот овој закон опфаќа ЕМБГ, презиме, татково име и име на ученикот, датум и место на раѓање, пол, припадност на заедница, мајчин јазик на ученик, адреса, место на живеење, контакт телефон, е-меил адреса, посебна образовна потреба, статус на ученикот (редовен/вонреден), но во збирката на податоци не се опфатени здравствена состојба или картон за примени вакцини.
Согласно став 1 член 15-д директорот на основното училиште, од редот на вработените во училиштето овластува лице, односно лица за обработка на личните податоци од членот 15-в од овој закон.
Лицата од ставот (1) на овој член имаат обврска личните податоци да ги чуваат во тајност. До личните податоци пристап можат да имаат и други овластени стручни лица од министерот, на кои овие податоци им се потребни заради реализација на екстерното проверување на постигањата на учениците и електронскиот дневник, согласно со закон.
Согласно член 15-ѓ за целите на научните истражувања и подготовка на статистички анализи, личните податоци можат да се користат, објават и чуваат, но не во форма која овозможува идентитификација на лицето на кое се однесуваат личните податоци.
Според член 11 од Уставот на РМ „Се забранува секој облик на… понижувачко однесување и казнување.“ , а со тоа и било какво индиректно или директно однесување на јавната власт, а со цел претставување на определена категорија на лица која според своето убедување одлучила или не за преземање на определени дејствија. Тие дејствија се приватни и објавувањето на истите е строго индивидуална одлука за која треба да се барат дозвола за објавување.
Кривично дело е ИНВОЛВИРАЊЕ ВО МЕДИЦИНСКИ ОДЛУКИ НА СЕМЕЈСТВОТО ОД СТРАНА НА ТРЕТИ ЛИЦА ! За било кое инволвирање во медицинските одлуки на семејството просветните работници ќе се теретат за психичко малтретирање на ученикот или родителот.
Согласно член 2 од ЗАКОНОТ ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ секое дете има право на основно образование и се забранува дискриминација по основ на пол, раса, боја на кожата, национална, социјална, политичка, верска, имотна и општествена припадност во остварување на правата од основното воспитание и образование, утврдени со овој закон.
Согласно член 53 забрането е телесно и психичко малтретирање на ученикот. Член 172 (1) Глоба во износ од 2.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на основното училиште, ако:
– во основното училиште се врши дискриминација (член 2 став (2)),
– се врши телесно и психичко малтретирање на ученикот (член 53),
Доколку институциите на системот не си ги почитуваат сопствените закони – барања, присили и разни видови на заплашување за почитување на истите од страна граѓаните е врв на хипокризијата и злоупотреба на правото. Во правната држава нема место за двојни аршини, и двојни мерила!
Селективното почитување на закони е карактеристично за режимите кои владеат со присила, како африкански диктатури, колонијалистички држави, а не за една демократија во развој која има стремеж кон Европската Унија. Во таа иста Европска Унија, граѓаните имаат право на избор.
Со ова воедно ги повикуваме сите родители на кои брутално им се кршат горенаведените уставно загарантирани права и слободи, сите криминални дејствија да ги пријавуваат на соодветните надлежни органи и да не контакираат за правна помош и поддршка.
Од: Родителите за правото на информиран избор за вакцинацијатаСо масовните вакцинации кои се спроведуваат преку училиштата и насилното инволвирање на просветниот кадар во образовните институции да учествуваат