Јавните личности застанаа на црвено-жолтата линија за одбрана на татковината

Седум недели на улиците за зачувување на унитарниот карактер и суверенитетот на државата. Звучни имиња, видни личност, спортисти, уметници, потомци на македонските херои, играорци, ловџии, моторџии, камионџии, нуркачи… Од македонскиот капитен и светски ракометен великан Кирил Лазаров, преку легендарниот пејач Наум Петрески, до внуката на Крсте Петков Мисирков, секојдневно даваат поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“.
-Не се лажеме, нашата цел е искрена и оправдана и очекуваме секој кој ја сака својата татковина, кој ја почитува историјата, но и посакува иднина да се приклучи кон нас. Еднаш засекогаш да се знае дека седење настрана нема. Потребна е акција. Сега дојде времето. Ајде сите заедно за заедничка Македонија, вели актерот Ванчо Петрушевски.
Тој додаде дека немаме друга татковина и сите заедно треба да се бориме за Македонија.
Македонската пејачка Андријана Јаневска преку социјалните мрежи даде поддршка на граѓанската иницијатива за заедничка Македонија.
-Дамјан Груев рекол: Маките на татковината се поголеми од сите страдања на секоја наша мајка, напиша Јаневска.
Атанас Николовски е еден од бројните македонски спортисти, кои даваат поддршка на Иницијативата за „Заедничка Македонија“.
Знаменосецот на отворањето на Олимписките игри во Пекинг, најдобриот македонски спортист за 2010 година и еден од најдобрите македонски кајакари, го развеа Македонското знаме и се приклучи на мирниот протест.
Спортистот, кој редовно и носи медали на Македонија од големите натпреварувања во каратето целосно застана во одбрана на Македонскиот идентитет, но и порача дека спортистите се пример како треба да се однесуваат сите лојални граѓани на нашата држава.
Несторовски е носител на бронзен медал од Европското првенство, носител на бронзен медал од првите Европски Олимписки игри, кои се одржаа во Баку, во 2008 год. беше прогласен за каратист на Македонија, а во 2011 год. беше најдобриот светски каратист, откако ја освои премиер карате лигата. Тој е и носител на Националното спортско признание, или популарната “спортска пензија” за сето она што го има сторено за државата.
-Најважно е да пратиме порака до сите надвор од Македонија дека ова е мирољубива земја, порача и пејачката Калиопи, која се приклучува на иницијативата ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.
-Доста е со отстапки за мир во куќа, доста е затоа што тие во процесот од осамостојувањето наваму се покажаа контрапродуктивни, затоа доста е. Во Република Македонија нема никој што да бара, посебно не ултимативни барања и Платформи, наместо таква Платформа треба да се направи Платформа за економски и културен просперитет, кажа Запро Запров пред насобраниот народ пред Собранието на Република Македонија.
„Браќа Македонци и наши сограѓани од сите нации и вери се поклонувам на вашето достоинство, така се брани Македонија, така се бранат нејзините вредности, наместо шарање на нашето историско паметење, на нашето историско богатсво, вака се брани Македонија. Доста е со отстапки за мир во куќа, доста е затоа што тие во процесот од осамостојувањето наваму се покажаа контрапродуктивни, затоа доста е. Во Република Македонија нема никој што да бара, посебно не ултимативни барања и Платформи, наместо таква Платформа треба да се направи Платформа за економски и културен просперитет, тогаш ќе ја прифатевме со отворени раце, во Македонија сите граѓани ги уживаат правите на висина на сите меѓународни стандарди, а особено нашите сограѓани, македонските Албанци, имаат универзитет на својот јазик, имаат телевизии, имаа двојазичност каде што е повеќе од 20 проценти, затоа ова барање е во најмала рака непристојно. Јас повикувам на разум, на љубов, на сплотеност, само така можеме да опстанеме на овие простори, ова што и се случува на државата во последните 2 години е само за разнебитување на Македонија, ако има граѓанин кој тоа не го сфатил треба да му покажаме да му докажеме, затоа што сите овие барања се нереални, немаат основа, а нашиот идентитет македонскиот ние Македонците го носиме, гинеме за него, страдаме за него, пееме за него, го носиме во нас. Единствено ние Македонците го изнесовме низ сите историски премрежија, низ историјата до ден денешен и тој нам ни припаѓа, т.н. меѓународна заедница од нас бара самите да се укинеме. Македонскиот народ низ историјата дал најголеми цивилизациски придобивки на светот, преку Филип кој создал прва држава на европските простори, преку Александар, тој е најголемиот обединител, војсководец, научник. Преку Аристотел, најголемиот филозоф, некој вели тој е туѓ, тој е наш, тој се родил, израснал, се школувал во дворот на Филип Македонски, преку Кирил и Методиј, Апостол Павле, преку Лиља Македонката, која е првата христијанка на европско тло. Како и нашата сограѓанка светицата Мајка Тереза. Во тоа име повикувам на меѓумакедонско помирување, доста е со делби, со омраза, доста е затоа што само сплотени може да си ја одбраниме татковината, заедничка на сите граѓани на Македонија. Таа мора да остане на нашите идни поколенија“, заврши Запро Запров.
-Ние граѓаните „За заедничка Македонија“, Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и сите други кои живеат во нашата татковина, бараме сите политички партии заедно со граѓаните да изготват Платформа за заедничка Македонија, вели актерката Снежана Конеска Руси.
„Почитувани граѓани, сожители, пријатели, граѓани од Скопје, граѓани од цела Македонија, здружението „За заедничка Македонија“ како што и сами знаете поднесе неколку барања до владата на Република Македонија и претседателот Ѓорге Иванов. Едното од барањата за претседателот Иванов беше да го почитува Уставот, да не доделува мандат по истекување на рокот, кој веќе е навистина истечен, но затоа што давањето на мандатот на Платформа од друга држава ќе го направи соучесник во разнебитувањето на Република Македонија, ова барање е веќе усвоено, првиот дел од битката е добиена, понатаму следуваат и ве потсетуваме на следните наши барања:
-Ние граѓаните „За заедничка Македонија“, Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и сите други кои живеат во нашата татковина, бараме сите политички партии заедно со граѓаните да изготват Платформа за заедничка Македонија, тука во главниот град на Република Македонија и да ги отфрлат Платформите пишувани во туѓи држави.
-Бараме од политичките партии, во преговорите да не помислуваат да усвојат владина програма која не би била изгласана од граѓаните на изборите.
-Бараме исто така од партиите, а посебно од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, да не допуштат да се гласа во Собранието законот за двојазична Македонија, затоа што тоа ќе биде вовед во редифинирање на Република Македонија“, изјави актерката Снежана Конеска Руси.
Актерката на крај кажа дека продолжува со активната борба, за нашиот Македонски јазик.
Поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонја“ преку социјалната мрежа Фејсбук даде и маратонецот Томи Стефановски.
-Сите треба да стоиме исправено под едно знаме и да пееме иста химна, да ја сакаме татковината независно од нашата националност, вера… Пред се треба да сме Македонци и да се залагаме за ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, пишува најуспешниот македонски маратонски пливач Томи Стефановски на социјалната мрежа Фејсбук, споделувајќи и видео од интонирање на македонската химна.
Кајакарот Љубомир Спасиќ, кој е четврто место на Европска ранг листа и најдобар кајакар во РМ за 2016 година на својот ФБ профил напиша дека нема да дозволи ниакква поделба ан нашата држава и промена на знаме, име и химна.
-Државните бои кои со цело срце ги бранам и химната која на цел глас ја пејам е мојата најголема мотивација. Нема да дозволам никаква поделба на нашата држава, нема да дозволам промена на знаме,име и химна. Мултикултурно општество во кое живеат Македонци, Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, Власи, Срби и сите останати заедно е опцијата за оваа држава. ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА!!!, напиша Спасиќ.

Владимир Блажев е еден од бројните македонски музичари, кои даваат поддршка на Иницијативата за „Заедничка Македонија“.

Пејачот во својот пост на ФБ објави дека бидејќи тој нема врска од пеење и за да не ни го расипе денот, на „челинџот“ да уснимат рефрен од македонска песна (поп или традиционална) и да постираат ги предизвика: Димитар Андоновски, Дарко Илиевски, како и Влатко Лозановски.
Тој иако не го прифати челинџот  на својот ФБ профил објави македонска песна од која и тој е дел.
Македонскиот јазик е нашата единствена и вистинска татковина. Затоа не за двојазичност, не за втор службен јазик, службен јазик на оваа држава е Македонскиот јазик и името на оваа држава е Македонија, кажа Васил Зафирчев пред насобраните граѓани пред Собранието на Македонија.
„Драги мои сограѓани, богољуби, почитувани граѓани на Република Македонија, драг мој Македонски народе, јазикот е наш долг и наше право, ние мораме да го чуваме затоа што е наш, како што е наша и татковината. Народ без јазик е налик на човек без пат, кој не знае кој е од каде е и каде оди, напиша пред повеќе од  100 години големиот Македонец  Крсте Петков Мисирков. И после речиси повеќе од век и половина, во 21 век, во современа Европа, во современа Македонија, ние повторно се соочуваме со предизвикот да го сочуваме јазикот, да го сочуваме името наше Македонско, да ја сочуваме државата таква каква што ја имаме, таква каква што ја сакаме, една единствена, унитарна и суверена, рече Зафирчев.
Тој нагласи дека за да го сочуваме името наше Македонско и нашиот културен идентитет, ние најпрво мора да го сочуваме јазикот, оти јазикот е душата на овој народ, јазикот наш македонски е мислата на овој народ, тоа се чувствата на овој народ, тој е срцето на нашиот идентитет, тоа е нашиот дом и дом на сите Македонци ширум светот.
-Македонскиот јазик е нашата единствена и вистинска татковина.  Затоа не за двојазичност, не за втор службен јазик, службен јазик на оваа држава е Македонскиот јазик и името на оваа држава е Македонија. Двојазичноста драги мои сограѓани не е ништо друго туку вовед во двонационалност, а двонационалноста сукцесивно и на долг рок води кон територијално редифинирање и поделба на државата, а поделената држава веќе нама да биде Македонија како што денес ја имаме и нема да се вика Македонија, каква што денес ја сакаме. Затоа не за срамните Платформи иницирани и донесени надвор од оваа територија, таа Платформа не е резултат на соживотот и дијалогот меѓу Македонците и Албанците, таа Платформа не беше ниту дел од изборната програма на партиите за кои што народот гласаше на последните парламентарни избори, таа Платформа значи само едно, тајни преговори и лицитирање со националните и државните интереси, меѓу кои и јазикот и името се суштински и еклатантно важен дел, рече Зафирчев.
Ова што ни се случува, порача Зафирчев, не е ништо друго,  туку грубо и брутално мешање во внатрешната работа на државата.
-Ова не води никаде, освен во уривање на темелните вредности на уставниот поредок на државата, унитарниот карактер на државата, а со тоа на нејзиниот суверенитет и интегритет. Ќе завршам со уште една мисла од еден голем Македонец, Петре М. Андреевски, кој напиша: Стравот е страшен само за оние кои му се плашат, а ние драги Македонци, ќе го имаме името Македонско додека го имаме јазикот Македонски, немаме од што да се плашиме. Ова е народ, мирен народ, добар народ, трпелив народ и ве молам драги мои сограѓани, овие мигови бараат да бидеме заедно, сплотени во одбрана на она што е наше и што ни припаѓа, да живее Република Македонија, да живее Македонија  една, единствена, унитарна и суверена, тоа нека биде вечна поука и вечна порака за нас и за сите идни генерации, заврши Васил Зафирчев.
Внуката на Крсте Петков Мисирков, Елена Мисиркова порача да направиме сè што е во наша моќ, држава да остане унитарна.
Протестот за зачувување на унитарноста на Р. Македонија го поддржува и професор доктор Кочо Чакаларовски.
Според него сите заедно треба да се избориме да ја сочуваме монолитноста мултиетничноста и граѓанската ориентација на државата.
-Секој да си ја кова својата среќа. Јас сум по потекло Влав и сметам дека во оваа држава нашите права се на највисоко можно ниво. Имаме училишта од четврто до осмо одделение, право на културно изразување, на организирање, состаноци, на различни културни манифестации дури и на телевизија имаме своја програма итн, рече Чакаларовски.
Посочи дека желбата на народите да живеат во етнички држави е легитимна, но не треба да биде по секоја цена.
– Доколку  животниот простор на тие народи се испреплетува  зарем треба да се поведе истребувачка војна до Пирова победа. Сега во 21 век –не! Треба да ја прифатиме крилатицата на ЕУ, да се изедначиме во различностите, а не да се делиме . По 8 пат ЕУ ни испраќа спасоносен зрак, да почнеме да работиме сите заедно, да станеме де факто Европејци каде што ќе се сублимираат сите народи и етноси на Балканот и така ќе се оствари големиот сон на Робер Шуман, сите ние да живееме во една голема обединета држава и да го исполниме сонот на Гоце Делчев за културен натпревар на народите, рече Чакаларовски.
Поддршка за заедничка Македонија дадоа и актерите Владо Дојчиновски и Петар Темелковски.
-Оваа земја ги почитува сите, меѓутоа и тие што живеат тука треба да ја почитуваат оваа земја, треба да е јасно и гласно дека ова е наша земја, друга земја ние немаме. Дури и иселениците од целиот свет станаа на нозе, сите станаа за оваа земја затоа што и тие викаат дека се Македонци и нивната земја е Македонија, изјави Дојчиновски.
– Никогаш не и се израдувавме на татковината. Со едната рака ја оравме, а со другата ја браневме. Прекрасно е и од Бога благословено да си Македонец. Македонија е икона на Балканот, рече Темелковски.
За зачувување на унитарноста на државата, зад црвено-жолтата боја застанаа и оперските пејачи Ристе Велков и Цветан Стојановски.
– Доколку Македонија, како Македонија не постои тогаш сите ќе бидеме дрва без корен. Нашите деца, нашите внуци понатаму нема да имаат ништо, што ќе им оставиме од вас зависи сега. Сите кои ја сакаат, а ги има многу, ги има низ цела држава и надвор од државата, сите кои сметаат дека Македонија е свето име и света држава треба да си останеме на своето и не смееме да ја предадеме Македонија. Тоа е најголемиот срам кој ќе го доживееме како Македонци и нашите поколенија ќе страдаат поради тоа. Затоа Ве молам сите, излезете, не се плашете. Секој кој што е патриот, има зошто да излезе, секој кој ја сака државата и сака нормално да живее во неа, изјавува Велков.
– Браќа и сестри не плашете се да се закитите со најубавите бои на светот- црвената и жолтата. Закитети ги вашите балкони со македонското знаме за да видат колку сме, додаде Стојановски.

Поддршка дадоа и Наум Петрески и Сара Мејс, а преку социјалните мрежи поддршка за Македонија искажа и Бајага.
 
Ракометарите на „Пелистер“, боксерската федерација и џиу џицу федерацијата маршираа по улиците поддржувајќи отфрлување на Тиранската платформа и зачувување на националниот идентитет.
-Да бидеме обединети и да бидеме сите сплотени, за едно исто име, за една иста Македонија. Ние како спортисти од боксерската федерација на Македонија, порачуваме на другите, дали политичари, дали обични граѓани, нека се сплотат и нашето парче земја нека не ги растураат, за сите една иста цел да имаме, за Македонија да се бориме. Во боксот и во другите спортови, има и други националности, Срби, Албанци, Турци, Роми, сите се почитуваме и затоа и сите треба и ние како народ без разлика кои сме, да ја почитуваме оваа наша мала земја, Македонија. Да живее Македонија и светот да не знае како Македонци, порача на крај Мирко Ристески, селектор на боксерската репрезентација.
-Моите борци крв плукаат на борилиштата ширум Европа и не дозволувам некој Зијадин Села да изјавува дека не станува на македонската химна. Не дозволувам да кажува дека не се слика со македонското знаме, она знаме кое јас гордо го носам ширум Европа со моите борци, вели претседателот на македонската џиу џица федерација, Александар Ацевски.
-Прифаќањето на платформата нема да го направи македонскиот народ посреќен и нема да доведе до крај на кризата во Македонија. Сакам да им се обратам на политичарите- малку да ги оладат главите, да почнат да размислуваат потрезвено и да застанат во одбрана на македонските интереси и македонскиот народ кој е на улица и треба да го слушнат нивниот глас. И на крај пак ќе кажам НЕ за федерализација, НЕ за поделба на Македонија, НЕ за двојазичност на цела република, НЕ за промена на името, знамето и химната, истакна голманот на репрезентацијата Кирил Колев и ракометар на „Пелистер“.
-Браќа и сестри Македонци, драги наши сограѓани чија што татковина е Република Македонија, сум ја имал таа среќа да родам во Република Македонија и да се школувам на македонски јазик, не сум мислел да се бавам со политика, туку сум сакал да го работам она што го знам, но изгледа дека не можете избегнете од неа, што ќе направите ако сите линии се поминати и остане само црвено-жолтата, ќе дојдете овде, затоа сум овде пред вас, вели професор доктор Никита Шекутковски од природно математичкиот факултет при УКИМ.
 
Македонските фолклористи исто така дадоа огромна поддршка на ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА. Македонските играорци со изведба на нациналното оро „Тешкото“ дадоа поддршка за унитарна и заедничка Македонија.
-Ние сме дојдени како амбасадори на Македонија во однос на македонските ора, песни, традиција и култура. Ширум светот не препознаваат по овие наши обележја и ознаки- ако ги изгубиме, знамето, името, јазикот, тогаш се поставува прашањето: Кои сме ние? Ќе бидеме обезличени. Доволно не болеше што не нарекуваа ФИРОМ, па зарем повторно да го менуваме името? Зарем уште поголема треба да биде болката? Што ли ќе им одговориме на помладите генерации кога ќе не прашаат што правевте вие кога ни ја растураа државата? Зарем треба да им одговориме само седевме од страна и гледавме, истакна фолклористот Мартин Цветковски.
 
И ловџиите велат дека нема да молчат и мирно да гледаат како со некои сценарија се разнебитува Македонија, па ја дадоа својата поддршка и излегоа на протестниот марш.
-Ние ловците во Република Македонија, сме големо семејство и големи чувари на природата, кои не се обоени со ниту една политика или политиканство, но знаеме да процениме кога е загрозена Македонија, ние ловците нема да молчиме и мирно да гледаме како со некои сценарија ни ја разнебитуваат Македонија, нема да го дозволиме тоа. Повикуваме на разум и трпеливост во овие клучни моменти кои можат да ја однесат Македонија во несакани правци од кои нема назад. Порачуваме, тука сме и ќе останеме да ја штитиме  заедничка Македонија, со сите обележја на унитарна, суверена и самостојна држава. Секоја идеја за нејзино редифинирање нема да им помине, велат ловџиите.
Поддршка дадоа и земјоделците и камионџиите кои со своите возила накитени со македонски знамиња излегоа на улиците.
Едно од многуте звучни имиња кои дадоа поддршка е и македонскиот капитен и светски ракометен великан, Кирил Лазаров.
Сите заедно стоиме на црвено-жолтата линија на одбрана на нашата татковина!, неодамна порача и легендарната македонска ракометарка Индира Кастратовиќ изразувајќи поддршка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.
И најдобриот македонски автомобилист, шампионот Игор Стефановски- Иџе даде поддршка за Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Иџе е само уште еден од низата спортисти кои застануваат зад „црвено-жолтата“ линија во одбрана на татковината.
-За мене како спортист нема поголема чест од тоа да се бранат боите на својата држава. Интонирањето на Македонската химна на Имола, Хунгаро ринг и останатите елитни тркачки патеки низ Европа и поддршката од нашиот народ е она што ми дава мотив да се борам и победувам за нашата Татковина. Кон крајот на месецот, започнува новата сезона на ЕТЦЦ, на познатата патека Монца, во Италија. Ќе биде голем предизвик за мене и мојот тим уште еднаш да се искачиме на победничкиот пиедестал под Македонското знаме, на пиша Иџе на својата фан страна.
Еден од бројните актери кој исто така јавно дадоа поддршка е и Крсте Јовановски.
Преку панк верзијата на „Заплакало е Мариово“, поддршка дадоа и од групата „Паркети“.
Безрезервна поддршка за унитарна Македонија пристигнува од многу јавни личности надвор од границите на земјава. Балканскиот пејач Дино Мерлин, легендарниот југословенски фудбалер Дејан Савичевиќ и хрватскиот фудбал Давор Шукер испратија пораки со поддршка до македонскиот народ.
– Јас зборувам за Македонија, земјата во која вечерва ако луѓето ме гледаат сакам да им кажам да го сочуваат тоа сонце кое е на нивното знаме, да сонцето на македонското знаме никогаш не згасне и вечно да сјае, да тие луѓе пронајдат разум и најдоброто од себе да го дадат да никогаш не дојде до најлошото, вели Мерлин.

Легендарниот југословенски фудбалер Дејан Савичевиќ во изјава за ТВ Нова вели дека Македонија мора да го сочува мирот во државата.
– Мислам дека тоа се желби на одредени поединци и групации. Македонија има своја државност, има свој Устав и според мене, Македонија треба да остане заедно и тоа да остане само како најлошо решение, бидејќи војната не носи ништо добро, вели Савичевиќ.
– Праќаме порака за поддршка до нашите пријатели во Македонија, успешно да пребродат кризата и на сите татковината да им биде на прво место, како што им е тоа на играчите кога го носат македонскиот дрес се вели во пораката која ја прати претседателот на Фудбалската федерација на Хрватска, Давор Шукер.
Различни професии, различни размислувања, различни животни патишта и приказни, но сите со една и единствена порака – Црвено-жолтата боја ќе продолжи да се вее, Македонија ќе остане онаква каква што е сега, за каква се бореле и ја оставиле нашите предци. Од македонскиот капитен и светски ракометен великан Кирил Лазаров, преку легендарниот пејач Наум Петрески, до внуката на Крсте Петков Мисирко

Пронајдете не на следниве мрежи: