Јазикот ви открива колку сте здрави: Обрнете внимание! 👇

Телото постојано ни испраќа сигнали кога нешто не е во ред и не функционира најдобро, но ретко кога знаеме да ги препознаеме. Јазикот не е исклучок. Според неговата боја и текстура лесно може да заклучите дали сте совршено здрави или треба да обрнете поголемо внимание.

Исплазете го јазикот пред огледало и откријте кој од следниве 9 симптоми ги имате:

Розов јазик како јагода
Ова е показател дека не внесувате доволно витамини. Поточно, изгледа ви недостасува витамин Б12. Во одредени случаи розовиот јазик може да биде последица и од претерувањето со лута зачинета храна и недостатокот на течности.

Кафеави наслаги
Изгледа баш така како што звучи – грозно, и најчесто е последица од недоволна орална хигиена, често пушење цигари и честа консумација на кафе или црн чај. Обрнете повеќе внимание на хигиената.

Бели наслаги
Честопати белите наслаги на јазикот се тесно поврзани со кандидата во организмот. Задолжително се препорачува консултација со доктор.

„Брчки“ на јазикот
Типично, овие пукнатини или брчки се јавуваат како последица на лоша орална хигиена или инфекција. Исто така, тие може да се знак дека денталното здравје ви е на ниско ниво.

Мали бели точки низ јазикот
Доколку не исчезнат за неколку недели, задолжително посетете лекар.

Црвени точки и плускавци
Ова е сериозен знак за сериозни болести, затоа е неопходно инстантно да се консултирате со лекар.

Чувство на печење во средината од јазикот
Често се јавува како последица на хормонален дисбаланс, посебно кај жените по менопауза. Овој проблем мора да го решите со доктор. Исто така, може да биде реакција на несоодветна паста за заби.

Мали испакнатини
Ова ниту е необично, ниту опасно. Ако не чувствувате болка, тогаш нема за што да се грижите – едноставно се работи за поинаква анатомија.

Болни чирови
Знак на стоматитис – болест од која патат 20% од возрасните луѓе заради пад на имунитетот и стрес. Би требало да исчезнат по 2 недели, но не е лошо да се консултирате со лекар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.