Јелена Бачиќ Алемпиќ авторката на „Рингишпил“- Татко ми ми остави во аманет да пишувам…

Авторката на „Рингишпил‘‘ , „ Писмото на госпоѓа Вилма‘‘ и најновата „Последната пролет во Париз‘‘, Јелена Бачиќ Алемпиќ, во интервју за Пулс 24 открива дека татко пред да почине и рекол да се оттргне од телевизијата и да му се посвети на она што го студирала , а тоа е книжевноста.1.Она што излегува од срце и се прифаќа со срце. Вашите книги се набиени со емоции, многу читатели не успеваат докрај и да ги прочитаат од премногу солзи. Нели ви влијаат на расположението на вас ликовите и нивните судбини?
Јелена: Мило ми  е што  сте забележале дека пишувам од срце. Во книгите ќе го прочитатете она што е најдлабоко скриено  во мене, така емотивно се празнам, си ја прочистувам душата, се она што го потиснувам во книгите го пишувам. Плачам и јас како не . Пишувањето за мене е потреба.
2. Зошто чекавте толку долго зар до пред 6 години немавте потреба за пишување?
Јелена: Пишувањето ми е аманет од татко ми . Пред смртта ми рече дека треба да престанам со водителство и конечно да се занимавам со она за што учев, а тоа  е книжевноста. По неговата смрт почнам да ја пишувам Рингишпил и шест месеци плачев додека ја пишував.
3.Зар никогаш не би и се вратиле на телевизијата?
Јелена: Па доколку има нешто што не сум работела во Тв, а нема такво нешто, доколку ме платат доволно за да ги школувам моите деца , а неможат, така што воопшто не жалам за телевијата и не планирам и и се вратам. Ова е она што ме исполнува, пишувањето. И колку и да ми забележуваат ќе продолжам да пишувам во истиот стил, бидејќи ратсев со класици. Никогаш не би пишувала за спонзоруши, авиони и не би му припаѓала на постмодернизмот.
4.Пишувате по концепт или спонтано?
Спонтано, кога ми викале дека треба претходно да осмислам да ги издефинирам работите ми било смешно, ученички. Интересно е кога сама е изненадувам од крајот.
5. Како го доживувате самите вие најновиот роман Последната пролет во Париз?
Јелена:Како најзрело уметничко дело, а тоа ќе го забележат и читателите претпоставувам.1.Она што излегува од срце и се прифаќа со срце. Вашите книги се набиени со емоции, многу читатели не успеваат докрај и да ги прочитаат од

Пронајдете не на следниве мрежи: