Јелена, девојката која допре до сите млади!

Јелена ги крена на нозе сите со нејзината појава и ги поттикна сите млади да ја надополнат во нејзиното молчење….Овие денови кружи веста за девојката од Приедор во Босна и Херцеговина, мал град близу границата со Хрватска. Девојката се вика Јелена Топиќ, и претставува симбол за сите млади во регионот. Приедор е град за кој немаме многу слушнато, најверојатно Јелена е заслужна за тоа. Град близу Европа, а далеку од нејзините вредности, уште подалеку од системот на вреднување на едукацијата, почитувањето на човековите права на Балканот, а нас лично како улицата покрај која Јелена стои, можеби мирно стои и не зборува, но всушност таа раскажува многу важна приказна за нас. Нејзината тишина е громогласна, удира дирекно во глава, а се прашуваат сите зошто, што и треба?
На Јелена просто и пукнал филмот и одлучила со овој свој чекор да им привлече внимание за ситуацијата на младите на Балканот, системот на вредности кој упорно ја спушта на земја и не и дозволува да ги спои својот талент и карактер. Таа ни покажува, со тоа што има два факултета не значи ништо и тоа што неможе да најде работа исто така ништо. Таа раскажува за тоа, како овој мал град нема во него иднина за младината, град кој не живее, туку преживува. Предор е уште еден Крушевац, Ребрен, Лепосавиќ, Врњачка Бања, Бања Лука, Цетиње и тн. Уште еден град кој не им нуди на младите апсолутно ништо. Јелена мирно стои затоа што сака да го покаже она што системот го бара од неа. Да молчи, да стои, да не се жали, да не кажува нешто што на државата не и одговара, а за возврат не добива ништо. Колку има само храброст во оваа девојка. Огледалото што го држи покажува дека сме исти како неа, ако се погледнеме ќе сфатиме дека она што е тоа сме и ние. Дека молчењето е најсилната порака. Дека во Србија треба да се стои, да се биде послушен, да се трпи тортура, да се преживее. Се јавил и уште еден покрај нејзината приказна со ист став и иста позиција како нејзината. Јелена ни кажува дека системот не ги гледа, не ги препознава, за нивната професија не постои место во системот. Јелена е таа која ги слуша секојдневните ветувања на владата, и се смачило од гледање на „нафурани“ старлети кои се множат секојдневно. Јелена е девојка која не би се соблекла за да привлече внимание Таа е таа со свое јас. Нејзините другари се Јелена, генерацијата која доаѓа не сака да биде Јелена. Својот роденден, осумнаесеттиот, го прославила во подрумот кога било бомбардирањето во Србија. Од тогаш до денес некои работи се промениле, но некои не. Системот на вредности се влева во семејствата, а не на телевизијата. Системот на вредности не постои веќе во Предор. Системот на вредности ги креирал оние во деведесетите кои биле тогаш млади, тинејџери. Тие генерации и ден денес имаат корени во овој систем, тие генерации се неизбежни, тие генерации ти овозможуваат вработување, тие генерации не и дозволуваат на Јелена да го најде своето место во системот. Таа е сеуште во подрумот! Таа несака да си замине од Босна, од Предор. Јелена не сака да ја понижуваат, таа не сака оние со купена диплома да имаат предност. Таа ако сакала можела да замине од својата земја и да се бори на некое друго место, но таа мирно стои додека животот поминува покрај неа. Истиот тој од вчера, истиот тој кој не ни дава ни трошка надеж за подобро утре. Таа добила подршка од многу млади луѓе, ја подржуваат во секој кажан збор. Дури и вака во овие текстови. Можат сите да се приклучат и да дополнат зошто Јелена молчи. Има сепак да се најде нешто. Е баш затоа!Овие денови кружи веста за девојката од Приедор во Босна и Херцеговина, мал град близу границата со Хрватска. Девојкат

Пронајдете не на следниве мрежи: