Северноатлантската алијанса заговара нова етапа во своите воени операции на Блискиот Исток преку испраќање дополнителни воени трупи за борба против талибанците во Авганистан. Оваа опција ја најави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој испрати јавен повик од земјите-членки на сојузот, но и до аспирантите за влез во Алијансата, од кои побара испраќање воени сили во Авганистан.Тој нагласи дека, имајќи ја предвид безбедносната ситуација „полна со предизвици“, 28-те земји-членки на НАТО размислуваат за зголемување на бројноста на мисијата „Одлучна поддршка“ за обука, помош и советување.Столтенберг најави дека оваа нова иницијатива ќе биде тема на разговор на следниот состанок на НАТО, кој ќе се одржи на 25 мај во Брисел.
Претходно слична изјава дојде и од Вашингтон, каде што американскиот претседател Доналд Трамп за тамошните медиуми рече дека, по консултациите со своите безбедносни советници, размислува за испраќање дополнителни три илјади војници во Авганистан, за борба против локалните талибанци.Според американските медиуми, оваа реакција на Трамп следува по февруарската изјава на командантот на американските трупи во Авганистан, генералот Џон Николсон, кој пред сенатска комисија во Вашингтон рекол дека „на терен сега недостигаат неколку илјади војници“ за да се скрши отпорот на бунтовниците талибанци.Американските медиуми додаваат дека засега Трамп сѐ уште нема одлучено дали ќе го прифати барањето на армијата, но изјавил дека одлуката по ова прашање ќе ја соопштел пред мајскиот самиот на НАТО во Брисел.Американскиот неделник „Њузвик“ пишува дека во овој момент во Авганистан има вкупно 13 илјади меѓународни војници, кои се распоредени под знамето на НАТО, од кои најголем дел, или 8.400, се Американци.
Извор: Нова Македонија
– Во 2014 година, со одлука на тогашната администрација на претседателот Барак Обама, беа прекинати воените операции на американската војска против талибанците, но останаа специјалните сили што се вклучени во помагањето на авганистанската армија. Минатиот месец талибанците објавија почеток на нивната „пролетна офанзива“, по што беа убиени 135 авганистански војници, во текот на нападите врз едно воено упориште во градот Мазар-а-Шариф, на северот од земјата. Во соопштението на талибанците по оваа нивна операција се вели дека главна цел на „офанзивата“ ќе биде елиминирање на странските воени сили – пишува неделникот.Во меѓувреме, по последниот развој на овие случувања во НАТО, актуелно стана прашањето дали Македонија треба дополнително воено да се ангажира на Блискиот Исток. Добро упатените објаснуваат дека најголемиот контингент што АРМ теоретски би можела да го испрати во една воена операција, барем според декларираните трупи за таа намена, е баталјонска борбена група што има околу 1.200 војници, а оваа воена единица би можела да учествува во сите видови воени операции.
Околу овие актуелни случувања побаравме став од државниот и воениот врв на земјата, кои во сублимиран заклучок велат дека Македонија им е партнер на НАТО и ООН, а ние како држава, во зависност од нашите националните приоритети, секогаш ќе се залагаме за глобалниот мир.Од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, кој истовремено е врховен командант на вооружените сили, кратко ни одговорија дека Македонија има интерес за учество во меѓународни мировни мисии во ООН и здружените сојузнички антитерористички коалиции во кризните подрачја врз основа на националните приоритети и присуството на изворот на закани со кои се соочуваме.
Сличен став има и Министерството за одбрана, од каде што, пак, потсетуваат дека Република Македонија во моментов веќе е дел од мисијата „Одлучна поддршка“ на НАТО во Авганистан.Од Министерството објаснуваат дека АРМ во оваа мисија учествува со свои офицери, подофицери и професионални војници како дел од германскиот и турскиот контингент во поддршка на мирот и безбедноста.Оттаму се децидни дека во однос на последната изјава на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за зголемување на бројот на војници во Авганистан како дел од сегашната мисија, која истовремено ќе биде и тема на дискусија на следниот самит на земјите-членки на Алијансата, најпрво е потребно да се почека да се види епилогот од тој состанок на Алијансата, па дури потоа да се реагира.– Република Македонија е земја-кандидат за членство во Алијансата и токму од таа причина ние во мировните мисии учествуваме како дел од контингент на некоја земја-членка на НАТО – резимираат од Министерството за одбрана.
Инаку, во моментов Македонија придонесува во три мировни мисии предводени од НАТО, од Европската Унија и од Обединетите нации, односно во мисиите „Одлучна поддршка“ во Авганистан, АЛТЕА во Босна и Херцеговина и УНИФИЛ во Либан.Воено-политичкиот аналитичар Милан Стефаноски верува дека нашата земја во овој момент нема никаква стратегиска потреба дополнително да ги загрозува животите на нашите војници во Авганистан, ниту, пак, имаме потреба да го зголемиме нивниот број од постојниот.Тој смета дека ние во Авганистан дополнително можеме хуманитарно да се активираме во случувањата испраќајќи хуманитарна помош до подрачјата каде што се водат битките против талибанците.Стефаноски смета дека земјата треба да ги промени своето однесување и размислување по прашањата поврзани со нашиот придонес во мисиите на НАТО.
– Порано се веруваше дека ако како држава активно учествуваме во мировните мисии на НАТО, ние би можеле без да го решиме спорот за името со Грција да влеземе во сојузот. Но по самитот на НАТО во 2008-та, во кој бевме блокирани од Грција, се покажа дека овие наши размислувања биле погрешни и покрај сите македонски учества во мисии во Ирак, Либан, Авганистан, Босна и Косово – вели Стефаноски.Тој додава дека токму затоа во никој случај ние сега не треба да се јавиме како доброволци на повикот на генералниот секретар на НАТО, Столтенберг.Тој нагласи дека, имајќи ја предвид безбедносната ситуација „полна со предизвици“, 28-те земји-членки на НАТО размислуваат за зголемува