Вдовицата на поранешниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито, денеска ќе биде погребана во „Куќата на цвеќето“ во Белград, каде почива и нејзиниот сопруг.Јованка Броз ќе биде погребана со сите воени почести, затоа што таа е носител на партизански одличја и била потполковник на Југословенската народна армија. На погребот ќе се обрати српскиот премиер Ивица Дачиќ.
Претседателот на организациониот одбор за погребот, вицепремиерот Расим Лајиќ изјави дека последната желба на Јованка Броз била таа да биде погребана до својот сопруг.
Јованка Броз почина на 20. октомври на 89 години, откако на 23 август во тешка здравствена состојба беше примена во Ургентиот центар.
На погребот ќе присуствуваат голем број делегации од сите поранешни југословенски републики.Јованка Броз ќе биде погребана со сите воени почести, затоа што таа е носител на партизански