Јовановиќ дели лекции: Сиромашните да не возат автомобили

Бранимир Јовановиќ кој од Шарената револуција се најде да ги крои финансиите во државата и е советник на министерот за финансии Драган Тевдовски, им порача на својот Фејсбук профил на граѓаните дека сиромашните треба помалку да возат, и дека граѓаните треба да се преориентираат на други превозни алтернативни средства.-Покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди најсиромашните. Дури 60% од сиромашните домаќинства во Македонија немаат автомобил, напиша Јовановиќ.
Тој им порачува на граѓаните дека сепак треба да ги сменат автомобилите или да користат алтернативни енергенси и превозни средства.
– Со поскап дизел, на луѓето ќе им биде поисплатливо да користат алтернативни енергенси кои помалце загадуваат, пишува Јовановиќ.
Тој апелира да се влијае на свеста на граѓаните да намалат со превозот, а поскапувањето на цената на нафтата имало и еколошка димензија.
-Покачувањето на акцизата на дизелот може да придонесе за намалување на загадувањето, пишува Јовановиќ.
Тој на крајот сепак признава дека мерката која ја предлага владата ќе влијае на општиот стандард преку зголемување на цените на производите за граѓаните.
-Анализите покажуваат дека 3 денари повисока акциза на дизел ќе го зголеми општото ниво на цени за околу 0.2-0.3%, пишува Јовановиќ.-Покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди најсиромашните. Дури 60% од сиромашните домаќинства во Македонија немаат автомобил, напиша Ј

Пронајдете не на следниве мрежи: